Кајмакоски првпат на ТВ по киднапирањето, пееше и екскандидат за претседател на земјата - Моменти од српскиот избор за Евросонг
- Детали
- среда, 25 февруари 2026
Фаворит кој не се пласираше во финалето, згодни девојки, одлични сценски настапи, но просечни песни - што донесе првото полуфинале од изборот на Песна за Евровијија во Србија?

Вчеравечер во Белград се одржа првото полуфинале од српскиот избор за Песна за Евровизија (ПЗЕ), кога беа избрани 7 песни кои ќе се натпреваруваат во финалето и имаат можност да ја преставуваат земјата на Евросонг што ќе се одржи во Австрија во мај.
Оваа година на изборот скоро и да нема звучни имиња и ѕвезди како во минатото, а кандидатите за победник, иако имаа одлични сценски настапи, не воодушевија со песните.

Дури и на Твитер, каде што секоја година најмногу се коментира изборот, публиката не го крие разочарувањето.
Водителките се исти од минатите години, одличните Драгана Косјерина и Кристина Раденковиќ.
Облечени во црнобело, ни тие не ги избегнаа коментарите на твитерџиите, кои се фокусираа на нивниот стајлинг.

„Nivea Black and White Invisible дезодоранс“, се пошегуваа на сметка на гардеробата на водителките.
Кои моменти го одбележаа првото полуфинале на српскиот избор?
Вечерта почна со настапот на Бојана Стаменов, поранешната српска претставничка на Евровизија.

Иако пееше одлично, многумина ѝ забележаа на изгледот. Откако ослабе над 70kg и лани ги изненади сите со тенката фигура, Бојана годинава на сцената се појави повторно со неколку килограми вишок.

Зејна ја испеа песната „Југославија“ - во првиот дел од настапот лежи на бината, а потоа ја закачија на јажиња, и како на трапез се вртеше над сцената и пееше.
По настапот, призна дека е многу тешко тоа што го прави, но дека долго вежбала за настапот на изгледа одлично.
Инаку, таа е една од неколкуте кандидати за победа на изборот.
