Српскиот тајкун Жељко Митровиќ со бизарно видео се пофали дека му пораснала цената на акциите - сурфа на бранови со скирол
- Детали
- среда, 16 јули 2025
Тој неретко се однесува бизарно и скандалозно, а токму такво е и ова негово видео кое поттикна лавина реакции. Коментарите се поделени - од заклучок дека има потреба од стручна помош до тоа дека е Бог на земјата поради сите негови хумани дела од типот кога ѝ обезбеди нов дом на самохрана мајка со 5 деца.

Жељко Митровиќ (58), сопственикот на телевизија Пинк и еден од најбогатите луѓе во Србија, ги подели мислењата со чудно видео на социјалните мрежи.

Тој прво на видеото изведува специфичен танц, а потоа со помош на вештачка интелигенција креирано е како со скирол сурфа на бранови.

Видеото го објави поради негови финансиски успеси, но и како најава за нови хуманитарни акции, нешто по што е познат во Србија.

За видеото напиша:
„Среќен сум и пресреќен, бидејќи утрово ме разбуди веста дека моите акции на NVIDIA на Њујоршката берза пораснале двојно во последната година!
Ова само значи дека ќе има уште повеќе пари за моите хуманитарни мисии!
На крајот од видеото се заблагодарив и на моите небесни пријатели!“
Мислењата во коментарите беа поделени од тоа дека му е потребна стручна помош, до такви кои пишуваат дека тој е Бог кој оди по земјата.

Инаку, Жељко Митровиќ неодамна повторно се најде во српските медиуми со едно свое хумано дело.
Тој откако ѝ изгради нов дом на самохраната мајка Нада Митровиќ и нејзините пет деца, сега ги испраќа на летување во Анталија, Турција, во луксузен хотел со 5 ѕвезди.
Семејството претходно живеело во тешки услови, а Митровиќ не само што им обезбедил нов дом со модерна опрема и мебел, туку ѝ овозможил и работа на Нада како негова советничка.
Ова е дел од поширока хуманитарна мисија – само оваа година, тој испратил на летување над 450 деца и родители од социјално загрозени семејства.
Според него, јавното промовирање на добрите дела инспирира и други да помогнат.
Погледнете го видеото:
С. С. | Црнобело
