Вељко Ражнатовиќ и убавата сопруга му направија 6-ти роденден на синот Жељко во селото каде живеат – со замок за лизгање и магионичар
- Детали
- среда, 10 јуни 2026
Синот на Цеца му направи забава на својот прв наследник Жељко, во дворот од домот на село каде што живеат со прекрасната сопруга – блескаат со трите деца, а славеникот имаше торта и декорација со ФК Барселона, голема шведска маса, замок за лизгање, магионичар и мини барменска станица.

Најстариот син на Вељко и Богдана Ражнатовиќ, Жељко, на 3 јуни наполни 6 години, а родителите вчера му приредија роденденска забава.
Прославата беше организирана во дворот од куќата на село каде што живеат, како што кажува самиот Вељко, иако станува збор за малото гратче Тител.

На забавата присуствуваа голем број возрасни и деца, за кои имаше многу активности – од замок на дување за лизгање и скокање, до магионичар кој ги анимираше најмалите.

Декорацијата со балони беше тематска, со боите и амблемот на ФК Барселона, чиј фан е славеникот, а и на тортата ги имаше истите мотиви, заедно со голема фудбалска торта.

Богдана беше облечена во бело и блескаше покрај сопругот и трите сина.
Погледнете видео:
Освен Жељко, парот ги има и синовите Крстан и Исаија, а пред 1 месец му прославија роденден и на Исаија.
Таткото успеа да стигне на овие два родендена, откако претходно не присуствуваше кај Крстан, заради престојот во Русија, поврзан со боксерската кариера.
М. М. | Црнобело