Жељко Бебек има 4 деца од 3 брака - втората ќерка се крие од јавноста, најмалите деца ги крсти по родителите
- Детали
- недела, 04 јануари 2026
Жељко Бебек, кој неодамна го прослави 80-тиот роденден е горд татко на 4 деца - еден син и три ќерки, но се чини дека е најблизок со децата од последниот брак. Што знаеме за нив?

Жељко Бебек (80), првиот пејач на „Бијело дугме“, е татко на четири деца. Тој има три ќерки и еден син, а ги доби од три различни брака.
Пред да ја запознае својата сегашна сопруга, Ружица, која е 34 години помлада од него, тој веќе беше разведен двапати и имаше две ќерки, Бјанка и Силвија.
Со Ружица, пак, ги доби Звонимир и Катарина.

Што знаеме за децата на славниот музичар?
Прва сопруга на Бебек е Споменка, со која ја доби ќерката Силвија, родена во 1974 година.
Силвија денес живее во Загреб, во брак е со Марко Молан и е мајка на три деца - Тино, Леон и Ема.
Бебек никогаш не криел колку е горд на својата најстара ќерка, но и на улогата на дедо, за која често велел дека е една од најубавите во неговиот животот.
Силвија Бебек
По разводот од Споменка, Бебек се ожени со Сандра, со која ја доби ќерката Бјанка, во 1981 година.
Бјанка, за разлика од останатите три деца, се крие од јавноста, и за неа не се знае скоро ништо, а се чини и дека не користи социјални мрежи (или, пак, ги има под друго име).
Со најмалите деца и сопругата Ружица
Третото дете на Бебек е синот Звонимир, роден во 2003 година, а кого пејачот го доби од бракот со Ружица.
Две години подоцна се роди и ќерката Катарина.
Најмладите деца на Бебек ги добиле имињата на неговите родители.
„Сакав да го сочувам споменот на нив“, рекол Бебек во една прилика.

Со синот Звонимир и Катарина
Многумина велат дека Звонимир е копија на својот татко, а покрај физичката сличност, од татко си ја наследил и љубовта кон музиката.
Тој е музички образован и неколку години свири гитара во бендот што Жељко, па го придружува на концерти.
На ќерката Катарина, пак, ѝ ја посвети песната „Kćeri moja”.
Таа, исто како и нејзините сестри, не се експонира многу јавно, а музичарот споделува нејзини фотки на социјалните мрежи само кога слави роденден или од некое семејно патување.
Но, познато е дека таа е голема поддршка на својот брат и често го следни на неговите настапи.
Звонимир и Катарина
Прочитајте и Се заљубиле кога таа имала 18, а тој 52 години и сите им предвидувале пропаст: Љубовта на Жељко и Ружица Бебек трае 27 години
А. Ј. | Црнобело