Кајмакоски првпат на ТВ по киднапирањето, пееше и екскандидат за претседател на земјата - Моменти од српскиот избор за Евросонг
Еден од учесниците на годинешниот избор е поранешен кандидат за претседател на Србија, Лука Максимовиќ, кој се кандидираше за оваа функција во 2017 година и освои скоро 10% од вкупните гласови.

Најголемиот фаворит на евровизиските фанови не пројде во финалето.
Станува збор за Егор, кој ја пееше песната „Клабер“ - уште едно изненадување во првото полуфинале.

Ревијалниот дел, пак, беше одличен. Неколку познати изведувачи пееја песни со кои Австрија низ годините се натпреваруваше на Евровизија.
На сцената прв излезе Иван Босиљчиќ, кој беше вистинско изненадување.
Подеднакво големо изненадување беше и појавувањето на Даниел Кајмакоски, прво телевизиско појавување откако имаше обид за негово киднапирање.

„Се надевам дека е дојден со обезбедување“, пишуваат твитерџиите.
Сепак, целото шоу „го украде“ Ивана Бум Николиќ, поранешната членка на Хурикејн.

Таа излезе последна во ревијалниот дел, во сребрен костим и огромен шешир и со својот настап ги воодушеви сите.
Второто полуфинале на српскиот избор ќе се одржи утре, 26.02.2026.
А. Ј. | Црнобело