Милан Калиниќ на ќерката убавица ѝ прослави 18-ти роденден, со бившата сопруга: „Горд сум на потенцијалниот зет“
Инаку, Милан во една пригода отворено проговори за Теа, откако таа објави дека има дечко:
„Само се молев на Бога, кога ќе почнат тие работи со дечковци, да не се појави некој што е тотално надвор од моите рамки. Тоа би било ужасно.

Од тоа многу се плашев, да не ми се случи такво нешто, бидејќи не знам како би реагирал.
За момчето на Теа ќе кажам само - јас навивав за него. Јас многу, многу повеќе навивав за него, отколку што во почетокот навиваше Теа.

Таа на почетокот беше целосно незаинтересирана, а мене ми беше криво, затоа што тој е феноменално момче.

Тој е тоа што еден татко може само да посака како зет и потоа само да каже: ‘Фала ти, Боже’“.

Теа со дечкото:
https://www.tiktok.com/@teakalinic/video/7511011605354663176
Милан во една пригода изјави дека е многу горд на својата улога како родител:
„Не сакам да зборувам за себе кога се во прашање многу работи, но кога станува збор за родителството тврдам дека сум најдобриот татко на светот!
Колку и да можеби секој така мисли за себе, затоа што секој, секако, најмногу ги сака своите деца, јас постојано гледам што прават луѓето и како го прават тоа, и таа титула нескромно ќе ја задржам за себе.
На тоа сум горд. Она што го добивам од децата за возврат ми е најголемата сатисфакција и не ми треба ништо повеќе во животот“.
Tea Kaлиниќ неодамна објави видео со татко ѝ на ТикТок:
https://www.tiktok.com/@teakalinic/video/7613818364598734098
Прочитајте и Наводно го изневерувала, медиумите ги разведуваа, но останаа заедно 2 децении – Љубовната приказна на Милан и Сандра Калиниќ
С. С. | Црнобело