Наводно го изневерувала, медиумите ги разведуваа, но останаа заедно 2 децении – Љубовната приказна на Милан и Сандра Калиниќ

Тие веќе речиси две децении успешно ја негуваат љубовта иако во еден период во јавноста се шпекулираше за распад на бракот на познатиот водител и актер Милан Калиниќ и неговата поубава половина, сопругата Сандра. Прочитајте за нивната љубовна приказна.

milan-i-sandra-brak-01.jpg

Сандра и Милан Калиниќ важат за еден од најхармоничните брачни парови на српската естрада кои и покрај сите предизвици докажаа дека љубовта и довербата се клучот за еден брак да функционира.

Тој не пропушта прилика да ја возвиши неговата сопруга и честопати истакнува дека е една од најубавите жени во Белград.

Заедно ги имаат синот Вук и ќерката Теа.

„Мојата сопруга има четириесет години, заедно сме речиси дваесет години, а таа е, жаргонски кажано, „топ риба“. Сандра е една од најубавите жени во Белград.

Каде и да се појавуваме, таа е или најубава или меѓу трите најатрактивни. Тоа може само да импресионира вистински маж, кој е сигурен во себе, а пред сè, оној што ја сака својата сопруга“ истакна Милан во едно интервју.

Меѓутоа, брачната идила пред неколку години според пишувањата во медиумите беше на стаклени нозе.

До медиумите тогаш пристигнала информација за неверство од страна на Сандра, која наводно го изневерила сопругот со сопственик на клуб во главниот град.

Но во тој период Милан Калиниќ отворено зборуваше за овие шпекулации и негираше дека Сандра го изневерила.

И додека многумина веруваа дека Сандра и Милан Калиниќ нема да ја надминат кризата во бракот, тие излегоа од неа посилни од кога било и денес се во брак речиси дваесет години.

Водителот тогаш јасно стави до знаење дека воопшто не се сомнева во верноста на сопругата:

„Глупаво ми е да размислувам за тоа и да коментирам. Тоа е глупост! Луѓето се љубоморни на нашиот брак и пишуваат глупости. Никогаш во животот не сум прочитал поголема глупост – изјави тогаш за медиумите“.

Милан Калиниќ во едно од многуте интервјуа има откриено дека нивниот брак во неколку наврати бил ставен на тест, но дека тоа сигурно не е поради неверството на сопругата.

„Тешките животни ситуации ја тестираа нашата љубов, а ова навистина нема никаква врска. Тоа е глупост“ – објасни Милан, осврнувајќи се на темата за изневерувањето на Сандра.

Милан често се фали со својата хармонична заедница на својот Инстаграм профил.

„Секако, имаше и многу тешки секунди, но поради тие убавите, би ги повторил сите. Кој би помислил дека некој што своевремено тврдел дека бракот е „ненормален феномен“ ќе го каже тоа… Истото го кажувам и денес.

Да не беше така и, пред сè, да немав пријател во Сандра, одамна ќе се вратев на „машката природа“. Од друга страна, ние сме суштества кои размислуваат, знаеме да ги доведеме во ред нашите инстинкти, па го правиме и она што е спротивно на нашите исконски нагони.

На почетокот, кога јас и Сандра се „забавувавме“, не можев да знам каков човек е. Сега, кога поминаа многу години, среќен сум што покрај мене имам вистинска пријателка, одлична мајка на моите деца. Посебно сум изненаден од нејзиниот однос со моето семејство.

Имам чувство дека мајка ми моментално ја сака Сандра повеќе од мене. Од друга страна, и јас одлично се согласувам со нејзиното семејство“ – изјави претходно Милан и убеди многумина дека љубовта ги надминува сите недоразбирања.

Инаку Милан и Сандра се запознале кога таа била презентер и тој како славна личност бил насекаде околу неа.

„Се среќававме цело време. Честопати разменувавме неколку погледи, но тој секогаш беше опкружен со куп девојки. Не ми паѓаше на памет дека еден ден ќе бидам во сериозна врска со него“ – изјавила Сандра за магазинот Глорија.

„Ѝ пријдов со најглупавата фраза: Ти си ми неверојатно позната. Таа потврди дека сме се запознале претходно.

Се сеќавав на секоја ситуација што ми ја опиша, но не и на нејзиниот карактер. Постојано ја задевав дека не е некоја риба кога ми требало толку време за да ја забележам.

Бев луд по неа, но таа не можеше да се опушти. Таа имаше поставено свој ѕид. Не можев да ѝ докажам дека сум целосно искрен. Таа се плашеше од мојот углед и стави бариера меѓу нас.

Не сакаше да ме запознае родителите. Не сакаше да се отвори и да ме пушти во нејзиниот живот“ - изјавил Милан за истиот магазин.

Очигледно нивната љубов е посилна од сите гласини и притисоци во јавноста, а тие имаат свој начин на кој ги надминуваат сите предизвици и се пример за паровите во светот на шоубизнисот. 

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава