Ќерката на црногорскиот пејач Кнез ја откажа свадбата - бремена е 5-ти месец, 11 години е во љубов
- Детали
- понеделник, 23 март 2026
Taa се прослави како член на групата Hurricane, нејзиниот сакан потекнува од угледно белградско семејство. За неа Никола, како архитект, лично изградил и ѝ подарил куќа. Ја запросил на Санторини, но, за жал, свадбата во мај нема да се одржи.

Русокосата убавица од групата Hurricane, Ксенија Кнежевиќ, е ќерка на познатиот црногорски пејач Ненад Кнежевиќ Кнез.

Таа е родена на 24 јануари 1996 година во Белград, завршила музичко училиште, отсек клавир.
Се прослави како член на групата Hurricane, заедно со Сања Вучиќ и Ивана Николиќ. Групата крена голема прашина во регионот, но сега секоја од нив гради соло кариера.

Ксенија сега за регионалните медиуми ја потврди веста за бременоста и откри во кој месец е.
Ќерката на Кнез не ја крие својата среќа поради приновата.

„Ви благодарам многу, се чувствувам одлично. Бременоста нè изненади, па решивме да ја откажеме свадбата. Среќни сме и јас и мојот партнер.
Веќе сум во петтиот месец. Не криевме, само не зборувавме јавно за тоа.
Немав мачнини, морам да се пофалам. Одлично ја поднесувам бременоста“.

Ксенија очекува дете со својот долгогодишен партнер Никола Тодоровиќ Тодор, кој потекнува од богато и угледно семејство од Белград.

Тој е архитект и ко-сопственик на познат синџир на ресторани за брза храна во Белград.
Нивната љубовна приказна трае со години и е прилично турбулентна - тие повеќепати раскинувале и се смирувале.
