Го покажа мускулестото тело, насмеан со сопругата - По 1 месец „илегала“, синот на Цеца објави фотки од Русија
- Детали
- четврток, 15 јануари 2026
Синот на Цеца ја напушти Србија и се пресели во Русија за да тренира бокс и да ѝ се посвети на кариерата, додека сопругата и трите сина останаа во нивниот дом на село.

Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца, веќе еден месец е во Русија. Тој замина таму за да се посвети на својата боксерска кариера, бидејќи во земјата, особено во Владикавказ, каде што се наоѓа тој, има одлични тренери за бокс.
По околу едем месец „илегала“, тој на Инстаграм објави фотки од Русија, со кои ги покажа двете дијаметрално спротивни страни од својот живот таму.

На фотографијата на Инстаграм Стори е прегрнат со сопругата Богдана и позираат насмеани пред црква посветена на Богородица во Москва, додека паѓа снег, а фотката е како од зимска бајка.
Но, тој објави и неколку фотографии каде што откри моменти од својот нов живот во Русија - како тренира, со тренерите, боксерската сала...
Заминувањето на Вељко од Србија претходно го најави неговата мајка, во едно од своите интервјуа. Цеца раскажа дека нејзиниот син оди таму за да ѝ се посвети на кариерата и дека, во Русија се најдобрите тренери, кои и низ годините му помогнале многу.
„Отиде за да се посвети на својата кариера и ја има мојата апсолутна поддршка, бидејќи таму го најде она што го бараше.
Секоја чест и на нашите тренери, тој постигна голем успех и со нив во Србија, но некако во Русија, особено таму во Владикавказ, кога ќе се врати, јас како лаик за бокс ги гледам неговите движења во рингот, неговото дишење... И многу е подобро“, рекла Цеца за Телеграф.

Пејачката кажала и дека планот на нејзиниот син е да остане една година, а тие како семејство ќе одат да го посетуваат колку што можат, па се чини сопругата Богдана е првата што му дојде на гости.
Инаку, во Владикавказ постојат елитни спортски школи и боксерски клубови кои „произведуваа“ шампиони и претставници на Советскиот Сојуз во минатото.
Во боксерските кругови, името на Владикавказ често се поврзува со тврд стил, издржливост и борци кои не се повлекуваат и често се вели дека тој е еден од најважните боксерски градови на Кавказ.

А. Ј. | Црнобело
