Милица Тодоровиќ објави први фотки од синот и ѝ честиташе роденден на мајка си, која најмногу ѝ помага
- Детали
- вторник, 07 април 2026
„Станав мајка во околности кои не се едноставни. Не се ниту црни, ниту бели“, гласеше изјавата на Милица среде скандалот кога доби син од оженет маж, а неговата сопруга јавно ја нападна... Но, сега, Милица ужива во семејната идила во родниот Крушевац, пред празниците покрај мајка си.

Милица Тодоровиќ минува незаборавни мигови во родниот град Крушевац, каде прво го прослави роденденот на мајка си, а потоа објави и први фотки од својот син Богдан, иако одлучи со емотикон да му го сокрие лицето.

Инаку, пејачката неретко истакнува дека најмногу во грижата за малиот Богдан ѝ помага токму нејзината мајка.
Милица на социјалните мрежи сподели фотографија од својата мајка, каде таа седи на маса во пријатен амбиент, со насмевка на лицето и пијалак во раката, подготвена за прослава.
„Мајчице, среќен роденден“, напиша Милица.

Инаку, по породувањето Милица се најде во центар на скандал кога во јавноста се појави сопругата на мажот со кој Милица го доби синот.
По тој повод, пејачката се огласи само еднаш, директно од болница:
„Станав мајка во околности кои не се едноставни. Не се ниту црни, ниту бели.
И од таа вистина не бегам и не лажам. Но, тоа што денес се зборува за мене не се факти, туку приказни, претпоставки и туѓи гледишта.
Зад тие зборови стои жена која се породила и која сето тоа мора да го носи на своите плеќи.

За сè за што денес се зборува, сакам еден ден да ѝ се обратам на јавноста мирно, јасно и со факти - кога ќе бидам подготвена.
Разбирам дека постојат силни емоции. Ја разбирам и туѓата болка. Но, исто така морам да кажам – ме боли и мене.
Боли кога за тебе се зборува без одговорност и се кажува нешто што не е вистина. Кога твојот живот се сведува на наслови.
Кога се заборава дека пред сè си човек, жена, мајка“.
