Ана Николиќ му честита роденден на партнерот - Заврши во болница по компликации од операција на срце, ja претепа
- Детали
- четврток, 30 април 2026
„И повторно Ана ме спаси затоа што не ме послуша и делуваше по свое...“, вели Рале кој со денови ги занемарувал симптомите како отежнато дишење и исцрпеност и сега слави роденден во болница.

Пејачката Ана Николиќ сподели емотивна објава посветена на својот партнер Горан Ратковиќ Рале, кој моментално престојува во болница.

Повод за нејзиното обраќање е неговиот роденден (30.04), па му упати јавна честитка со заедничка фотографија.
„Љубов. 30.4.2026.“, напиша таа покрај нивната заедничка фотографија.
Покрај тоа, Ана на Инстаграм објави и видео од кревет со ќерката Тара, каде што заедно му честитаат роденден на композиторот:
„Среќен роденден. Те сакаме. Тара и А“, му порача пејачката.
Кликнете на видеото:
Инаку, Горан Ратковиќ Рале повторно е хоспитализиран на Институтот за кардиоваскуларни болести во Белград, каде што се наоѓа поради компликации по операција на срце.

Иако, според информациите во српските медиуми, Рале моментално се чувствува добро, ситуацијата претходно била сериозна.
Рале отворено зборуваше за својата состојба и призна дека самиот придонел за влошувањето:
„Точно е. Не е грешка на лекарите или персоналот, туку мојата тврдоглавост. Мислев дека можам сè, а очигледно е дека не можам.
И повторно Ана ме спаси затоа што не ме послуша и повика итна помош.
Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ е државна болница во која пациентите се чувствуваат како да лежат во најдобра европска приватна клиника“.
