Здравко Чолиќ: „Моите ќерки се разгалени, постарата многу сака да се слика, постојано е со телефонот“
- Детали
- среда, 06 мај 2026
„Имам две ќерки кои се разгалени. Нормално... Па, и јас би бил разгален да сум на нивно место“, изјави искрено во една пригода Здравко Чолиќ и на тема дали сака да стане дедо вели: „Постарата ќерка веќе е стабилна, а помладата е уште млада. Сè е во Божји раце“.

Уна Чолиќ (24), постарата ќерка на пејачот Здравко Чолиќ, често привлекува внимание во медиумите, како поради своите објави на социјалните мрежи, така и поради врската со 10 години постарото момче.
Инаку, Уна одамна го запознала своето момче со семејството, па често заедно со Здравко одат на заеднички одмори.
Здравко, кој порано ретко зборуваше за своите деца, сега отворено говори за ќерките и во една пригода дури изјави дека се разгалени.
Уна
Но, и помалата ќерка Лара Чолиќ (19) стана многу активна на Инстаграм и постојано споделува како се забавува.
Лара
Пејачот на темата дали со нетрпение очекува да стане дедо вели:
„Па, јас би го одложил тоа колку што можам, без оглед на годините.
Постарата ќерка веќе е стабилна, а помладата е уште млада. Сè е во Божји раце.

Секогаш велам, убаво е децата малку да го видат светот, да работат на себе, но судбината е судбина, таа секогаш те стигнува“.


Здравко Чолиќ во разговор со нашиот Жаре во „Еден на еден“ откри детали за ќерките за кои досега не зборувал јавно.
„Не сум јас премногу строг за дисциплина, но сум кога треба.

Јас тоа постојано им го зборувам на моите деца... Имам две ќерки кои се разгалени.

Нормално... Па, и јас би бил разгален да сум на нивно место.
Сепак, некако би очекувал повеќе од нив, знаеш, но...
