Ќерката на Жељко Митровиќ се фали со луксуз во Монте Карло, откако ја покажа палатата во Белград - 2 лифта, лустер колку автомобил
- Детали
- недела, 10 мај 2026
Кристина Митровиќ, кога отиде да ги посети мајка ѝ и татко ѝ во семејниот дом во Белград, откри како изгледа внатрешноста на палатата, која зрачи со луксуз и елеганција, и блеска како хотелите во Лас Вегас, со бел мермер и стаклени лифтови. Сега, ужива во луксузни хотели во Монте Карло и Њујорк, а прошета и со жартиери.

Кристина Митровиќ, една од двете ќерки на Жељко Митровиќ, сопственикот на телевизија „Пинк“ обожава на Инстаграм да се фали со парите и луксузот во кој живее.

Од скапи аутфити до патувања со прва класа, таа повторно покажува како ѝ изгледа животот на висока нога.

На почетокот од 2026-та при една посета на нејзините родители во Србија, таа го фотографираше големиот дворец во Белград, кој е во сопственост на нејзиното семејство и открила колку е среќна поради тоа што има таков дом.
„Конечно дома!“ – напиша тогаш Кристина Митровиќ.

Кристина Митровиќ откри како изгледа внатрешноста на палатата, која зрачи со луксуз и елеганција, и блеска како хотелите во Лас Вегас.

На фотографиите може да се види бел мермер, два огромни лифта, но и уникатен лустер со големина на автомобил.

Таму Жељко живее со сопругата Милица.
Тој не крие дека му било потребно многу напор за да го освои срцето на својата сопруга.
