Душко Тошиќ и новата девојка се запознале пред 5 години, додека била во брак + Што мисли таа за Карлеуша?
- Детали
- среда, 27 мај 2026
Се запознале додека таа сè уште била во брак, но во врска се само пет месеци и оттогаш насекаде се појавуваат заедно. Ова е првата девојка, по распадот на бракот со Карлеуша, за која Душко зборува јавно.

Душко Тошиќ има нова љубов, а за неговата сакана Нора постојано излегуваат нови детали во регионалните медиуми.
Сега се пишува за односот на Нора кон поранешната сопруга на Душко, Јелена Карлеуша.

Според извори блиски до Нора, таа наводно со години ја следи Јелена, ја слуша нејзината музика и има многу позитивно мислење за неа.
„На Нора отсекогаш ѝ била интересна Јелена како појава. Ја смета за харизматична, успешна и поразлична од сите на естрадата.
Никогаш не криела дека ѝ се допаѓаат нејзиниот стил и енергија“, вели изворот.


Душко кратко се огласи и потврди дека е среќен во љубовта, но не сакаше да открива детали за врската со Нора.
„Вистина е. Во среќна врска сум и задоволен сум“, кратко изјави поранешниот фудбалер.

Душко изгледа пронашол мир и стабилност во оваа врска, бидејќи Нора е првата девојка со која се појавил во јавноста по крајот на бракот.
Неговите блиски велат дека никогаш не делувал поопуштено и посреќно.
Според српските медиуми, двајцата се познаваат пет години.

Се запознале додека таа сè уште била во брак, а во врска се веќе пет месеци и оттогаш насекаде се појавуваат заедно.
Тие двајца со години се среќавале и дружеле преку заеднички пријатели. Хемијата постоела и порано, но никој не очекувал дека ќе започнат врска.
Нора е десет години помлада од него, а за време на студиите живеела во странство.
