Душко Тошиќ и новата девојка се запознале пред 5 години, додека била во брак + Што мисли таа за Карлеуша?
Инаку, Јелена Карлеуша со години беше мета на напади и критики, а сериозните турбуленции ѝ го нарушуваа и професионалниот и приватниот живот.
Неодамна, во интервју, таа зборуваше за тоа колку пати луѓето ја издале, „ја продале“ и ѝ забиле нож во грб, поради што повеќепати сакала да се откаже од сè.

Сепак, откри дека токму нејзините фанови ѝ дале сила и поддршка да продолжи да се бори со сите тешкотии.
Иако некои мислеле дека Јелена има желба за одмазда, со својот нов статус на Твитер го покажа спротивното.

„Знаете како ќе им се одмаздам на оние што ми нанесоа толку зло?
Никако. Нема да се одмаздувам. Ќе ги заборавам. Веќе сум ги заборавила.
И ќе бидам среќна“.
Дали со ова мисли и на Душко, останува мистерија...




С. С. | Црнобело