Едита Арадиновиќ со фотка од надусниците, сингл во 8-ми месец: „Ако не ги отстрани влакненцата и искуба веѓите, не грижи се - среќна си“
Желбата за дете и подготвеноста за партнерски однос, животните околности и чувството на сигурност не мора секогаш да дојдат во исто време. Кај мене не беше така. Но, ЈАС СУМ ВО МИР СО ТОА, и токму тоа е суштината.
Затоа мислам дека е важно да не брзаме. Важно е да си дадеме време. Да го изградиме својот внатрешен мир. Да се обезбедиме емоционално, животно и економски, колку што можеме. Тоа е важно!

Јас успеав во тоа и токму од тоа место го направив овој чекор.
Секоја жена има право до мајчинството да стигне на свој начин и во свое време. Без притисок. Без докажување. Без туѓи очекувања.
Ова го пишувам од срце како потсетник дека е во ред да се чека, но исто така е во ред да се избереш себеси, својот мир и своето време.
Сè е во ред кога доаѓа од место на љубов, сила и мир.
А кога ќе дојде тој момент, влезете во него храбро и со полно срце.
На сите ви посакувам љубов, мир и среќа.
И на себе исто“.

Инаку, таа за да покаже дека се чувствува удобно во своја кожа и ги живее најсреќните мигови, објави фотографии со несредени надусници и напиша:
„Ако сте заборавиле да ги средите влакненцата на надусниците и да ги искубете веѓите, не грижете се. Тоа значи дека сте среќни, затоа што сте имале поважни работи. Јас сум среќна жена!“



С. С. | Црнобело