Едита Арадиновиќ со фотка од надусниците, сингл во 8-ми месец: „Ако не ги отстрани влакненцата и искуба веѓите, не грижи се - среќна си“
- Детали
- среда, 01 јули 2026
„Ако сте заборавиле да ги средите брковите и да ги искубете веѓите, не грижете се. Тоа значи дека сте среќни, затоа што сте имале поважни работи. Јас сум среќна жена!“, напиша Едита со фотките од своите надусници со влакненца. Таа е сингл во 8-иот месец од бременоста и си гради за себе и своето дете вила со базен во Белград.

Пејачката Едита Арадиновиќ се наоѓа во осмиот месец од бременоста. Пред породувањето се посвети на себе, ги прекина настапите, но воедно работи и на изградбата на својата куќа на Авала.
„Навистина луд период. Честитки до сите што се малку луди“, напиша Едита Арадиновиќ на Инстаграм.

Инаку, таа е сингл за време на бременоста.
Околу градбата на куќата, Едита иако е свесна дека пред неа е напорен период и процес што ќе трае околу една година, пејачката не ја крие возбудата.

Едита на социјалните мрежи го покажа земјиштето на кое планира да ја изгради куќата, а според објавите се претпоставува дека идната вила ќе има и базен.
За предизвиците што ја очекуваат, пејачката отворено им зборуваше на своите следбеници:
„Денес е еден од потешките денови. Сепак, имам толку многу обврски што немам време да размислувам како се чувствувам.
Можеби во овој процес и вие ќе ми помогнете мене, а можеби и јас ќе ви помогнам вам.
И да, понекогаш ќе бидам напорна, бидејќи овој процес ќе трае една година, но ветувам дека ќе бидам забавна...“

Таа неодамна имаше уште една објава за својата состојба:
„Престојот во природа секогаш ме потсетува да застанам и да размислам за животот и за тоа како годините и искуствата нè обликуваат...
А сега, додека во себе носам нов живот, тие мисли ги чувствувам уште подлабоко.

Мојата приказна е дека отсекогаш сакав да бидам мајка. Уште како мала ги убедував помалите сестри во паркот да ме викаат „мамо“. Како уште тогаш, некаде длабоко во себе, да знаев колку таа улога ќе ми биде важна.
Во оваа бременост влегов од место на љубов кон себе и кон моето идно дете, и од искрена желба да бидам родител. Желба што живее во мене многу години... Ти благодарам, Боже!

Сепак, сакам да им се обратам на младите девојки кои го следат мојот живот и го посакуваат истото, мислејќи дека сè изгледа лесно, спонтано и едноставно.
Тоа што целиот живот сакав да бидам мајка не значи дека во исто време бев подготвена и за сè друго.
