Едита Арадиновиќ се појави во 5-тиот месец од бременоста во емисија, откако таткото на детето ја остави: „Не е до мене“
- Детали
- среда, 25 февруари 2026
Едита Арадиновиќ блеска во бременоста, иако среде бременост раскина со таткото на своето дете, кој има скандалозно минато. Таа првпат проговори за тоа и откри во какви односи се сега и после кој нејзин потег Ненад најмногу ѝ се налутил...

Едита Арадиновиќ периодов е во фокусот на регионалните медиуми, откако среде бременост се раздели со таткото на своето дете.
Заедно со Милица Тодоровиќ, која доби дете од оженет маж, тие постојано се во фокусот на вниманието.

Сега, Едита гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, заедно со сестра ѝ - пејачката Инди, каде проговори за деталите од бременоста, како и за таткото на детето и сега веќе поранешен партнер Ненад.

Едита за бременоста во шоуто на Огњен Амиџиќ откри:
„Се познава стомачето, облеков одело за да се прикрие. Се чувствувам одлично...
И мило ми е што сум со вакви прекрасни гости, пред сè со мојата родена сестра Инди.
Влегов во петтиот месец... Девојче е, да, јас сум многу среќна и буквално немам што да кажам, имам само многу топлина и убавина, ова за мене е нешто ново.

Мајка ми постојано ми велеше: „Ќе видиш каква е бременоста“. Јас понекогаш сум нервозна и лута, тоа се одразува на соработниците и бендот, но жал ми е.
Влегов во крајна фаза на реализација на албум, бидејќи потоа нема да работам.
За бебето веќе смислив и име, но нема да го откријам..
Инаку, добив критики од Ненад, таткото на детето. Реков дека не сакам да објавувам како ќе изгледа детето, бидејќи не знам, можеби нема да сака да се слика или што и да е.

Но, потоа објавив слика од ултразвукот, направив грешка и ја избришав, бидејќи Ненад ми рече: „Што беше со оној договор да не објавуваш?“...
Инаку, ние сме во одлични односи, но НЕ сме емотивни партнери.

Не е до мене, тоа е заедничка одлука, ние сме во супер односи. Тоа се некои работи што би ги задржала приватни за себе.
Од сè се прави сензација. Јас најмногу на свет би сакала да имам брак како Жика и Јелена од Зана, но тоа е“.
