Милан Калиниќ: „Разводот е тешка работа, но сум против бришење на целиот живот - зошто да ги бришам фотките со Сандра?“
- Детали
- четврток, 02 јули 2026
„Отсекогаш сум имал негативен став кон луѓето кои, кога ќе прекинат нешто, го бришат целиот свој живот како никогаш да не постоел. Што значи тоа сега да ги избришам фотографиите со неа? Сандра секогаш ќе биде дел од мојот живот, имаме заеднички деца“, вели Милан Калиниќ за поранешната сопруга.

Милан Калиниќ помина низ еден од најтешките периоди во својот живот, кога во краток временски период му се случија развод, промена на работа, преселба и пријава за насилство.

Актерот и водител искрено проговори за сè низ што поминал, признавајќи дека првпат почувствувал колку стресот може да го скрши човекот.
Иако разводот од поранешната сопруга Сандра бил болен, Калиниќ истакнува дека успеале да ги зачуваат добрите односи поради нивните деца.


Милан вели:
„Разводот секогаш е тешка работа и нешто што го потресува човекот, но може да се помине и на што е можно побезболен и поцивилизиран начин.
Отсекогаш сум имал негативен став кон луѓето кои, кога ќе прекинат нешто, го бришат целиот свој живот како никогаш да не постоел.
Што значи тоа сега да ги избришам фотографиите со неа? Сандра секогаш ќе биде дел од мојот живот, имаме заеднички деца.
Секогаш сум тука за неа и знам дека и таа е тука за мене. Секогаш ќе се трудам да ѝ помогнам...
Можеби сè уште е прерано да кажам дека сме пријатели, можеби еден ден ќе бидеме вистински пријатели, но секогаш сум тука за сè што ѝ е потребно.
Знам дека и таа би била тука за мене и, според мене, тоа се нормални работи.
Тоа е убав период од мојот живот и нема потреба да го бришам“.
Калиниќ проговори и за ситуацијата кога една жена го пријавила за насилство.
„Трите најголеми стресови ми се случија во една година: губење на работата, развод и преселба.
Покрај семејството и пријателите, спас ми беше спортот и ќе се потрудам на луѓето да им доближам колку е важен спортот, особено за мажите.
