Цеца на одмор во Шпанија: Плива во базен и пие коктели во луксузен клуб на плажа, каде се игра и мавта со шамивчиња
- Детали
- вторник, 07 јули 2026
Цеца ужива во луксузот на La Cabane by Dolce&Gabbana во Марбеља. Откако ја посети вилата на ќерка си Анастасија во Севиља, отпатува на ова рајско место на околу 210km раздалеченост.

Цеца Ражнатовиќ пред четири дена отпатува во Шпанија, каде што ги посети својата ќерка Анастасија и зетот Немања Гудељ.

Таа беше во вилата на Анастасија во Севиља, но сега ја посетија и Марбеља, која е на околу 210 километри раздалеченост оттаму.
Вилата на Анастасија:

Цеца објави снимки од луксузниот клуб на плажа La Cabane by Dolce&Gabbana во Марбеља.

Додека се разладуваше во базенот, во позадина се гледа прекрасен амбиент со палми што се нишаат на ветерот.

Балдахините и лежалките се во впечатлив дезен од познатиот италијански бренд, што дополнително ја истакнува ексклузивноста на ова место.

Инаку, откако пристигна во Севиља, Цеца се огласи и од еден ресторан каде што заедно со Анастасија беше на ручек.

Во описот на објавата кратко напиша: „Конечно“, со што јасно покажа дека ги полни батериите во друштво на својата ќерка.

Инаку, Анастасија и Немања Гудељ веќе неколку години живеат во Шпанија, каде што фудбалерот е професионално ангажиран во фудбалски клуб.
И покрај бројните обврски, Цеца често го користи слободното време за да ја посети својата ќерка.