Постара е од него 5 години, се запознале преку телефон кога тој имал 19 - Љубовната приказна на Лука Модриќ и Вања
- Детали
- сабота, 11 јули 2026
Љубовната приказна на Лука Модриќ и неговата сопруга Вања ретко се сретнува на светската спортска сцена - тивка, но цврста и стабилна, без скандали. И трае од 2004 година, кога, откако разговарале 3 часа на телефон, решиле да одат на кафе и веднаш си се допаднале еден на друг.

Денес, Лука е една од најголемите фудбалски ѕвезди во светот, а Вања, иако не сака да се експонира му е најголема поддршка, заедно со нивните три деца.
Како почна љубовта на Вања и Лука?

Вања Босниќ го запознала Лука Модриќ на почетокот на 2000-тите, кога Лука почнал да игра за Динамо Загреб и штотуку почнал да го гради својот професионален пат.
Во тоа време, Вања работела во менаџерската агенција за фудбал „Спортска агенција Мамиќ“, која го застапувала Лука.

Таа добила задача да му се јави поради работа, а тоа што требал да биде краток деловен повик се претворил во разговор кој траел три часа.
Само шест месеци подоцна тие биле во сериозна љубовна врска.

Во тоа време Лука имал само 19 години, а Вања 24 (5 години е постара од него).
Парот уште тогаш ја држел својата врска подалеку од јавноста, а Вања и денес го придружува Лука само на најважните настани и ретко излегуваат заедно на места каде што може да бидат фотографирани или вознемирувани од новинарите или фановите на фудбалерот.
