Постара е од него 5 години, се запознале преку телефон кога тој имал 19 - Љубовната приказна на Лука Модриќ и Вања
За нив бракот бил само формалност, па низ годините постојано ја одложувале венчавката поради бројните обврски што ги имале двајцата.
Кога Вања забременила, тие направиле венчавка, во мај 2010 година.

По раѓањето на нивното прво дете, синот Иван (16), тие на 11 јуни 2011 година направиле црковна венчавка во Пресвета Богородица Лурдска во Загреб, а потоа и свадба, но како интимна церемонија во кругот на нивните најблиски пријатели и семејството.
Две години подоцна, Лука почна една од најважните фази од својата кариера, а тоа е трансферот во Реал Мадрид, и каде што низ годините стана еден од најважните играчи во историјата на клубот.

Вања, пак му помогна да ја донесе одлуката за овој трансфер и од прв ден му е најголема поддржувачка, не само како сопруга, туку и како менаџер.
Поради ова парот се пресели во Мадрид, а потоа се родија и нивните две ќерки, Ема (13) и Софија (8).

Вања, иако преку 2 децении е во љубов со еден од најдобрите фудбалери во светот, остана повлечена и далеку од медиумите.
Секогаш кога одговара на новинарски прашања, таа ја нагласува важноста на приватноста и нормалното воспитување на нивните деца.

Парот не ги заборава ни корените, па секое лето тие се во Хрватска, за да поминат повеќе време со семејството и саканите личности.

А. Ј. | Црнобело