Мајката на Александра Пријовиќ е пејачка - уште пее и собира бакшиш, иако ќерка ѝ заработува милиони
- Детали
- петок, 10 јули 2026
Борка, која се разведе од таткото на Александра, Недељко, уште додека таа била девојче, денес не ја симнува насмевката од лицето, а причината е колегата со кој е во среќна љубовна врска.

Мајката на Александра Пријовиќ, Борка Mихајловиќ, и самата е пејачка, па јасно е дека Александра и убавината и талентот ги наследила токму од неа.

Мајката на Александра неодамна ги вжешти социјалните мрежи со фотографии во бикини за време на одморот со партнерот Фахрудин, а сега во центарот на вниманието е нова снимка.

На неа се гледа Борка како пее во една кафеана, додека гостите ја даруваат со банкноти од 50 евра.

Под објавата следеа многубројни коментари, а многумина ја пофалија Борка што и понатаму не се откажува од пеењето на приватни веселби, иако има ќерка која моментално е една од најпопуларните пејачки во регионот.

Инаку, Борка Михајловиќ веќе со години ужива во хармонична љубовна врска со својот партнер Фахрудин Буљубашиќ.
На селфито што Борка го сподели на социјалните мрежи од море со него, таа позира со жолта шапка и очила за сонце, додека Фахрудин седи веднаш до неа во бела маица.

Борка, која се разведе од таткото на Александра, Недељко, уште додека таа била девојче, денес не ја симнува насмевката од лицето, а причината е колегата со кој е во среќна емотивна врска.



Погледнете го нејзиниот настап:
С. С. | Црнобело