Трагедија го потресе регионот: 5-годишно момче се удави во аква парк во Србија - тренер по пливање ги предупредува сите родители
- Детали
- среда, 22 јули 2026
Децата безгрижно си играле и се капеле во детскиот базен, кога за само еден миг сè се претворило во кошмар. Во моментот кога момчето исчезнало од видокругот на мајката, таа ги пакувала торбите за да си заминат дома. Мајката слушнала крици, го подигнала погледот и видела како еден маж трча носејќи го телото на нејзиниот син.... Tренер за пливање од Србија со строги предупредувања по страшната трагедија кога 5-годишно дете го изгуби животот во Смедерево.

Трагичната смрт на петгодишното момче, кое на 20-ти јули се удави во базен во Смедерево, ја потресе цела Србија, но и цел регион.
Во еден миг им се сруши светот на родителите, кои ги однеле децата во аква-паркот за да им приредат убаво попладне, не насетувајќи дека наскоро ќе започне борба за живот, која, за жал, заврши кобно.
Момче родено во 2021 година се удави во аква-паркот „Југово“ во Смедерево.
Според српските медиуми, мајката дошла во комплексот со базени со седум деца, а нешто подоцна им се придружил и таткото. Децата безгрижно си играле и се капеле во детскиот базен, кога за само еден миг сè се претворило во кошмар.
Екипите на Итната медицинска помош повеќе од еден час се обидувале да го реанимираат момчето, но, за жал, не успеале да му го спасат животот.
„Лекар од Итната помош го носеше во раце. Беше страшно да се гледа“, раскажал еден од присутните.
Во моментот кога момчето исчезнало од видокругот на мајката, таа ги пакувала торбите за да си заминат дома.
За само неколку секунди сè се претворило во вистински хорор.
Мајката слушнала крици, го подигнала погледот и видела како еден маж трча носејќи го телото на нејзиниот син.
„Голема тага. Сите сме во шок. Беа толку сложно семејство. Не можам ни да замислам како ќе го поднесат ова“, изјавила сосетка на ова семејство по трагедијата.
„Со цел целосно да се разјаснат сите околности на овој трагичен настан, ќе биде извршена обдукција, како и сите други неопходни истражни дејствија. Јавноста ќе биде навремено информирана за резултатите“, соопштија од надлежното обвинителство во Србија.
По трагичниот настан, аква-паркот во Смедерево, каде што се удави петгодишното момче, нема да работи извесен период.