Трагедија го потресе регионот: 5-годишно момче се удави во аква парк во Србија - тренер по пливање ги предупредува сите родители

Но, каде завршува одговорноста на спасувачите, а каде започнува одговорноста на родителите, и зошто помагалата за пливање не гарантираат безбедност, за српскиот портал Telegraf.rs објаснува тренерот по пливање Иван Срданов.

Во екот на летната сезона и одмори, само еден момент на невнимание може за секунда да го промени целиот живот.

Родителите често мислат дека децата се безбедни штом ќе им стават мускули за пливање или гума, но тоа е голема и потенцијално кобна грешка, предупредува Иван.

„Доволен е само еден миг на невнимание. Ќе се свртите да земете нешто или некој ќе ве повика, а веќе во следниот момент може да се случи најлошото.

Не е важно дали детето има помагала за пливање или не. И со нив и без нив, детето секогаш мора да биде под постојан надзор на родител, инструктор или друго одговорно лице“.

Според него, децата на толку мала возраст не го доживуваат пливањето како спорт, туку исклучиво како игра, со постојано влегување и излегување од базенот.

„Децата од четири, пет, шест или седум години не размислуваат за тоа да испливаат 100, 200 или 300 метри, па потоа да излезат да се сончаат.

Тие ќе излезат од базенот стотици пати, ќе се затрчаат и повторно ќе скокнат, и така постојано. Тоа е исто така многу опасно, бидејќи може, не дај Боже, да се лизнат.

Пред две-три години на Кошутњак имавме случај кога едно момче сакаше да скокне и да направи салто напред, при што си го скрши вратот, а исходот беше трагичен“.

Децата уште од мали треба постепено да се ослободуваат од стравот од вода, а подоцна, доколку сакаат, да започнат и со часови по пливање.

„Според моето искуство, децата до седумгодишна возраст сè доживуваат како игра.

Тоа се вежби за дишење, фрлање разни реквизити во вода за да нурнат и да земат топче што потонало на дното на базенот, со што постепено го совладуваат стравот.

Нормално е да голтнат малку вода или да им влезе вода во носот – тоа е сосема вообичаено. Подоцна, детето веќе може да посетува 45-минутен час по пливање, но она што особено го нагласувам е дека и тогаш мора постојано да биде под будното око на инструкторот“.

И додека некои деца едвај чекаат да влезат во вода, други се плашат дури и да се намократ или водата да им влезе во очите. Затоа е важно родителите да бидат трпеливи.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...

Најчитани неделава