Филмската ќерка на Никола Којо од „Ми нисмо Анџели“ – Мирка Васиљевиќ (30), го очекува четвртото дете


Филмската ќерка на Никола Којо од „Ми нисмо Анџели“ – Мирка Васиљевиќ (30), го очекува четвртото дете

Таа ја освои публиката како ќерката на Никола Којо во филмот „Ми нисмо анџели 2“ кога тој очајно се обидуваше да ја заштити од машкиот пол.

Mirka-Vasiljevic-go-ocekuva-cetvrtoto-dete-01.jpg

Мирка Васиљевиќ е талентирана српска глумица која денес има 30 години, а зад неа се улогите во „Љубав, навика, паника“, „Мирис кише на Балкану“, ТВ серијата „Истине и лажи“ и многу други проекти.

Mirka-Vasiljevic-go-ocekuva-cetvrtoto-dete-02.jpg

Во моментов Мирка е бремена и соопшти дека во октомври го очекува своето четврто дете. Младата актерка е во петтиот месец од бременоста.

Таа и нејзиниот партнер со кого сè уште не се венчани, Вујадин Савиќ, во моментов се во Словенија, бидејќи тој од неодамна потпиша договор со љубљанскиот тим „Олимпија“.

Круната на нивната голема љубов се трите дечиња коишто веќе ги имаат – синовите Андреј и Михајло и ќерката Адријана. Убавата актерка не криела дека оваа година сакала да го зголеми семејството уште за еден член, желба што очигледно наскоро ќе ѝ се оствари.

„Искрено, би сакала уште еднаш да се остварам во улогата на мајка. Нашето најмало дете сега има 6 години, човек малку ги заборава тие моменти, па сакаш повторно да ги доживееш. Годините се пред нас, никогаш не рековме дека сме ставиле точка на проширување на семејството. Ставивме три точки. Би сакала да имаме уште едно дете“.

„Да можам да бирам, би сакала да добиеме девојче, па нашата ќеркичка да има сестра и малку да ја смени машката игра која е принудена да ја игра за да биде дел од тимот со двете братчиња. Нека биде 2:2. Но, да биде и момче, не е страшно. Децата ќе се израдуваат и би уживале околу бебето“, открила убавата Мирка.

Повеќе фотки од убавата Мирка на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„На моето НЕ, тој ме однесе некаде среде ноќ и ме мачеше“ – Српска актерка го обвини за силување сво... Деновиве српската јавност повторно е разбранувана од уште едно сведоштво за силу...
Мажествен и непрепознатлив – како изгледа Азис, бугарската ѕвезда која шокираше со ексцентричниот из... Неговото целосно име е Васил Тројанов Бојанов, но сите го знаеме едноставно како...
Ќерката на Дино Дворник го живее својот совршен живот – Ела е успешна инфлуенсерка, сакана сопруга и... На јавноста ѝ е позната како ќерка на хрватскиот музичар Дино Дворник и внука на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg