Факти за љубовта на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ - „Истата вечер кога ја запознав, реков дека ќе се оженам за неа“

Оваа година, на 7 декември, еден од најомилените балкански парови, Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, ќе ја прослават 30-годишнината од бракот. Но, како започнала нивната љубов? Што знаете за т.н. „Свадба на деценијата“? И како успеале, и покрај сите препреки, да ги одржат љубовта и бракот толку многу години?

Fakti-za-Lepa-Brena-i-Boba-Zivojinovic-01.jpg

Нејзиното вистинско име е Фахрета Јахиќ. Родена е во Тузла, Босна и Херцеговина, на 20 октомври, 1960 година.

Нејзината мајка Ифета била кројачка, додека татко ѝ Абид работел како медицински техничар. Фахрета била нивното трето дете, покрај братот Фарук и сестрата Факета. Семејството Јахиќ живеело мошне скромно, во еднособен стан.

Брена и Боба се запознале во 1987 година. Сопругот во едно интервју изјавил дека обајцата се многу силни луѓе.

„Поминавме низ сè во животот и имавме две сосема различни кариери кои немаат врска една со друга. Имав турнири низ целиот свет, а таа имаше концерти низ целиот Балкан.

Најголемиот успех беше што преживеавме во такви околности, но тоа е љубовта и чувството дека овој партнер е само за тебе, и дека е вистинскиот.

Истата вечер кога ја запознав, реков дека ќе се оженам за неа, и тоа и се случи. После тоа, дојдоа децата и семејство. Тоа е круната на нашиот успех.

Со Стефан, Виктор, Филип и сега со снаата Александра и внукот, знаеме дека ова заедништво е најдоброто нешто што постои. Ние како семејство се грижиме, го цениме и го сакаме нашето заедништво“.

Брена се омажила за Боба на 7 декември 1991 година, во тогашниот хотел „Интерконтинентал“ во Белград. Веселбата, на која присуствувале околу 500 гости, медиумите ја нарекле „свадба на деценијата“.

Фолк ѕвездата избрала венчаница дизајнирана од Кристијан Диор за оваа пригода.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg