Факти за љубовта на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ - „Истата вечер кога ја запознав, реков дека ќе се оженам за неа“

Раскошната венчавка на Лепа Брена и Бобо Живојиновиќ била една од најлуксузните венчавки во историјата на Србија. Меѓу гостите на свадбата имало луѓе од целиот свет.

Се служел кавијар од Шведска, шампањ од Англија и розово вино од Шпанија, а пејачката изјавила дека само во првиот час од веселбата, се испиле дури триста литри вино. Бидермаерот го фатила нејзината драга колешка и пријателка Драгана Мирковиќ, а невестата, сосема очекувано, запеала на нејзината свадба.

По речиси 3 децении заедно, Брена првпат проговорила за тоа како се чувствувала во тој временски период, кога како најголема југословенска ѕвезда, одеднаш се нашла на столбот на срамот откако се омажила за популарниот тенисер.

Брена изјавила дека не се чувствувала пожелно никаде, ниту во Србија, ниту во БиХ, ниту пак во Хрватска, затоа што била Југословенка, а секаде вриело од политика, вера и национализам. Нејзиното име се влечело низ калта, затоа што решила да се омажи за Србин.

Нејзиниот сопруг, очигледно е сè уште вљубен во неа, како и првиот ден.

„И денес продолжува нашата голема љубов и сето она што го почувствувавме во моментот кога се видовме. Нашата вљубеност денес е прекрасна. Не знам колку луѓе можат да се пофалат со она што го имам јас: годините зад мене и Брена не се важни затоа што љубовта никогаш не може да умре ако е вистинска и се одржува на добар начин“.

„Кога станува збор за љубовта, таа е иста како и на почетокот, денес е уште подобра и различна. Што се однесува до страста, таа е секогаш силна на почетокот, но присутна е и денес. Нормално е да се премине од првата младешка страст на едно ново ниво, кое е многу подобро, поконцизно и поубаво. После толку години заемна љубов, страст и почит, станувате многу посилна личност, која има големо искуство, зрелост, присебност, со поинаков поглед на животот“.

Секако дека во бракот се соочиле со многу предизвици, но сепак секогаш успевале да најдат начин за да ги надминат.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg