Српска атлетичарка критикувана што го земала презимето на сопругот: „Врати го старото - светски првак не го прави тоа“

„Тоа е врв на патријархатот, зошто славната жена да го промени презимето...? Врати го старото, не знаеме за кој се работи!“ - се дел од критиките кои масовно се проширија деновиве, откако српската атлетичарка која е светски првак, Ивана Шпановиќ, одлучи да го промени презимето по стапувањето во брак. 

srpska-atleticharka-kritikuvana-shto-go-zemala-prezimeto-na-soprugot-vrati-go-staroto-svetski-prvak-ne-go-pravi-toa-01.jpg

Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ (31), сега Ивана Вулета е топ тема на Твитер деновиве.

Најпознатата српска атлетичарка Ивана Шпановиќ во октомври минатата година по двегодишна врска се омажи за нејзиното момче Марко Вулета и остана доследна на традицијата, па го зема презимето на сопругот.

На 20-ти март, на Светското првенство во атлетика што се одржа во Белград, Ивана отскокна неверојатни 706cm во далечина и стана светски првак во атлетика.

Сепак, на социјалните мрежи наместо да се коментира нејзиниот успех, масовно се коментира за тоа дали е во ред тоа што го земала презимето на сопругот.

Додека едни застанаа во одбрана на нејзиниот избор, други сметаат дека славните жени не треба да го менуваат презимето за да останат препознатливи.

Проследете дел од твитовите во продолжение:

„Оваа Вулета иста е како Ивана Шпановиќ. А добро скока.“

„Дали само јас не слушнав дека Ивана Шпановиќ го промени презимето... Тотално ме полуде коментаторот со најавата...“

„Јас сум за тоа во спортот да го задржи презимето Шпановиќ затоа што вчера милионпати се прашував која е Ивана Вулета?

Гледам некои други спортистки и се прашувам за кого воопшто говорат. Како јавни личности што на сцената се едно, а во приватниот живот се друго. Истото може да го направи таа.“

„Ако не ви се допаѓа што Ивана Шпановиќ освои сѐ со тоа презиме, па одлучи да освојува сѐ со друго презиме, секогаш можете да тренирате како неа, да направите сѐ што прави таа и да покажете што е според вашето мислење вистински избор.“

Погледнете повеќе фотографии од Ивана на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Српска инфлуенсерка за промената на полот: „Ми требаа 6 месеци за да се навикнам на половиот орган“ „Во декември ќе поминат точно две години откако хируршки го променив полот. Роде...
Ана Севиќ се омажи за милионер, има возен парк од 400.000 евра, а сегашниот и бившиот скандалозен со... По турбулентниот брак со пејачот Дарко Лазиќ, Ана Севиќ пронајде среќа и мир пок...
Сопругот на Мирка Васиљевиќ, фудбалерот Вујадин Савиќ среде брутален скандал со неверство, избркан о... Некогашниот фудбалер Вујадин Савиќ и син на легендарниот Дуле Савиќ повеќе не е ...
Велат дека е поубава од сестра ѝ, во брак е со познат спортист - Која е сестрата на Данијела Димитро... Ретко кој знае дека манекенката, инфлуенсерка и деловна жена, Данијела Димитровс...
Сопругот избега со нивниот син, Саша Поповиќ ја извлече од беда - Турбулентниот живот на Индира Ради... Таткото на пејачката бил фасциниран од политиката што ја водела индиската премие...
Српската пејачка Милена Чераниќ: „Имам видено многу повеќе среќни парови без деца, отколку со по нек... „Не ми зборувајте дека најважно е да родам дете, затоа што за мене е најважно да...

Најчитани неделава