Пред матичарот со својата избраничка кажаа „не“, на Наташа Беквалац ѝ ја посвети песната „Лажљива“ – Факти за маестралниот Владо Георгиев

Песната „Реци ми да знам“ ја посветил на својата поранешна девојка која наводно го изневерила со друга девојка, а еден од неверојатните факти за него е дека ги искачил Хималаите – факти за Владо Георгиев, познат по прекарот Барба, кој со сигурност е едно од најпрочуените имиња на поранешните југословенски простори, иако неговите родители се противеле на музичката кариера. 

Pred-maticharot-so-svojata-izbranichka-kazhaa-ne-na-Natasha-Bekvalac-i-ja-posveti-pesnata-Lazhljiva-fakti-za-maestralniot-Vlado-Georgiev 01 630x330.jpg

Роден е во Дубровник на 6 јуни 1977 година, но целиот живот го поминал во соседниот Херцег Нови. За музиката се интересирал уште од рана возраст, а веќе на пет години се обидувал да „фати“ ритам удирајќи по мебелот.  

Досега соработувал со многу ѕвезди, а поседува студио и издавачка куќа и наречена „Барба мјузик“. Тој е голем авантурист и со својот мотор Харли Дејвидсон ја пропатувал цела Европа и се искачил на Хималаите.

Во продолжение повеќе факти од животот и делото на маестралниот Владо Георгиев:

Георгиев е роден во Дубровник од татко Драгољуб од Србија, и мајка Борка од Босна

Кратко време по неговото раѓање, неговото семејство се преселило во Херцег Нови во Црна Гора, каде што израснал и живеел до 16-годишна возраст, по што тој и неговиот постар брат Саша се преселиле во Белград.

Родителите на Владо не биле среќни што тој ја одбрал музиката, туку сакале да „игра“ на посигурна карта

Имено, пред да започне да пее, тој сакал да стане џез-музичар. Извесно време свирел на хармоника, синтисајзер и пијано.

Во 1990-тите се преселил во Белград и извесен период живеел со бегалци

Владо извесен период од својот живот живеел во хотелот „Турист“ на улицата Сараевска, кој бил едно од најевтините сместувања во главниот град. 

За време на хиперинфлацијата му било многу тешко, бидејќи според неговите изјави, тој давал половина од хонорарот за кутија цигари и долго живеел како потстанар.

Владо е вљубеник во морето и со својот мотор „Харли Дејвидсон“ го прошетал половина свет

Сака да пие добро вино, да слуша приказни на рибари, да седи покрај вода и да собира глобуси. Тој е заинтересиран за спортови на вода и чамци. Порано тренирал џудо, а еден од неверојатните факти за него е дека ги искачил Хималаите.

За љубовниот живот и посветените песни прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Живот од соништата: Млад пар од Србија патува низ светот, 2 години биле „заглавени“ во Виетнам – сег... Ирена Петковиќ е родена во Лесковац, а дипломирала на Факултетот за ликовни умет...
Милица Дабовиќ од Survivor зборува за профилот на сајт за возрасни: „Немам намера да продавам порно ... „Во моментов работам на отварање на мојот бутик, сакам да продавам облека, не зн...
30 години откако ја избодеа со нож, Моника Селеш насмеана и среќна – ретко појавување на тенисерката... „Траумата од пред 30 години конечно не се познава на лицето на Малата Мо. Таа е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg