Пред матичарот со својата избраничка кажаа „не“, на Наташа Беквалац ѝ ја посвети песната „Лажљива“ – Факти за маестралниот Владо Георгиев

Долги години е во хармонична вонбрачна заедница со 14 години помладата манекенка Милица Самарџија

Владо вели дека не сака жени кои се наметливи и главни во општеството, но го привлекуваат оние кои се нормални и умерени. Тој изјавил дека ги изневерувал бившите партнерки, но и дека бил изневеруван.

Со прекрасната Милица се запознале на кастингот за спотот „Искрено“. За четириесеттиот роденден на пејачот, парот приредил лажна свадба на која и двајцата рекле „не“.

Тие поканиле пријатели и роднини во ресторан во Кошутњак, а гостите ги пречекал славеникот со Милица и матичарот. Меѓутоа, кога матичарот ги прашал Влада и Милица дали се подготвени да се венчаат, и двајцата рекле „не“ како од топ.

Pred-maticharot-so-svojata-izbranichka-kazhaa-ne-na-Natasha-Bekvalac-i-ja-posveti-pesnata-Lazhljiva-fakti-za-maestralniot-Vlado-Georgiev 02 630x400.jpg

Во една прилика Владо изјавил:

„Не би рекол дека Милица се адаптирала, туку дека сме 'тенџерче и капаче'. Ние двајца го мислиме потполно истото, почнувајќи од тоа што сме против матичарот па натаму. Важни ни се само фактите, само она што е навистина важно“.

Влада и Милица имаат две прекрасни ќерки Софија и Елена.

Pred-maticharot-so-svojata-izbranichka-kazhaa-ne-na-Natasha-Bekvalac-i-ja-posveti-pesnata-Lazhljiva-fakti-za-maestralniot-Vlado-Georgiev 03 630x400.jpg

Повеќето негови песни имаат „скриена“ симболика од неговото минато

Во текот на неговата кариера која трае повеќе од 20 години, Владо има издадено три албуми. Песната „Реци ми да знам“ ја посветил на својата поранешна девојка која наводно го изневерила со друга девојка.

Исто така, постои шпекулација дека песната „Лажљива“ ја посветил на Наташа Беквалац – со која порано беше во врска. 

Песната „Шта би пријатељи моји“ ја посветил на негови пријатели, односно љубовна двојка – иако сите сметаа дека е негова автобиографска.

Pred-maticharot-so-svojata-izbranichka-kazhaa-ne-na-Natasha-Bekvalac-i-ja-posveti-pesnata-Lazhljiva-fakti-za-maestralniot-Vlado-Georgiev 04 630x400.jpg

Владо одлично „плива“ и во филмските води

Владо имаше епизодни улоги во сериите: „Оно као љубав“ и „Певај брате“, а се појави и во филмот „Воена академија 2“. Во 2016 година и го позајми гласот на Кормила во американската 3Д компјутерска анимирана комедија „Во потрага по Дора“.

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Милица Дабовиќ по веста за нејзината наводна смрт: „Кој е толку болен да закопува живи луѓе?“ „Во ред, разбирам сè, но објаснете ми како некој е толку болен за да закопува жи...
На 62 години го запозна мажот на својот живот, го загуби по 15 години - Тажната љубовна приказна на ... „Кога во 2009 Славко се вратил во Белград од САД, наши пријатели решиле да нè сп...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Алекса Перовиќ чека трето дете - Се разведе пред 2 години, не го открива идентитетот на новата љубов Скоро две години по разводот, на Божиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ откри ...
Зошто пејачот Владо Георгиев не јаде веќе 9 дена? По скандалот со апсењето поради возењето во алкохолизирано издание и со прекумер...
Стана славна со улогата на проститутка, сега е новинарка која го истражува атентатот врз Ѓинѓиќ - Ко... Почнала да глуми за да му се приближи на актерот во кој била вљубена, денес има ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg