Српска политичарка: „И сестра ми беше претепана, полицијата не направи ништо сè додека не објавив јавно, како Uki Q“

Сега, Нина ѝ е огромна поддршка на Uki Q за тоа што одлучила да оди јавно со ситуацијата на сестра ѝ.

„Јас објавив јавно за мојата сестра, тоа беше најдоброто што можев да го направам во тој миг и воопшто не се каам. Верувам дека и Uki Q нема да се покае.

Тоа што го разликува нејзиниот и мојот случај е што насилникот кој ја тепал нејзината сестра е од богато семејство. Тоа доста го комплицира случајот, затоа што знаеме колкава е корупцијата, па баш ме интересира како ќе се заврши сè.

Очекувам дека нема да мине неказнето затоа што притисокот од јавноста е добра работа. Ова отиде предалеку, многу луѓе знаат за тоа и тој нема да може да се извлече неказнето.

Можам само да ѝ посакам да има многу среќа, нерви и стомак за сè низ што минува, но најважно е што нејзината сестра е тргната настрана од насилникот“, изјави Нина за српските медиуми.

Таа додава дека во случајот на нејзината сестра не проговореле веднаш јавно, туку дури откако полицијата потфрлила.

„Мојата сестра прво пријави во полиција, но поради начинот на кој беше истретирана, одлучивме да одиме чекор понатаму и да објавиме јавно. Многу често слушам дека на полицијата е доволно да ѝ се заканите со медиумите и дури тогаш почнуваат да ја работат својата работа.

За жал, е така, а не треба да биде.“

Таа вели дека судскиот процес со Урош и нејзината сестра уште трае и порачува дека не треба да ги воспитуваме девојчињата и жените дека треба да трпат и дека мора да имаме освестени жени, но и функционални институции за да имаат каде да пријават.

Прочитајте и Се огласи сестрата на Uki Q, жртвата на насилство во Белград: „Сопругот ме претепа поради кавга за неговата мајка“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Српска пејачка со исповед: „Се допишувам со бившата жена на бившиот сопруг“ „Да, точно е. Нас нè поврзуваат децата. Таа има син, јас имам ќерки, тие се сест...
Српска пејачка (40) за животот со мултиплекс склероза: „Едно утро се разбудив речиси слепа, 2 години... „По породувањето чувствував дека сум многу послаба, немав сила. Мислев дека тоа ...
Српска пејачка со скандалозно признание: „На децата не им купував облека за да имам за наркотици - ч... „Ги изгубив емоциите кон децата, сопругот, бев фокусирана само на личното задово...
Српска инфлуенсерка со моќна порака: „Најголем благослов ми е што на 35 години можам да патувам со м... „Ако сè уште ја имате привилегијата вашата мајка, пред сè здравствено, да може д...
Бившата снаа не ја заборава свекрвата: Во какви односи е Адријана Лима со мајката на Марко Јариќ? По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима има нов сопруг и трето дете, но во как...

Најчитани неделава