Останала бремена од НБА кошаркарот додека работела како стриптизета, денес заедно имаат 3 деца - Која е српската Ким Кардашијан?

Се гледале додека таа работела како стриптизета во Мајами, останала бремена и го тужела за да докаже татковство, а денес Данијела Рајиќ е во брак со славниот кошаркар Пол Џорџ. Погледнете како денес живее скандалозната стриптизета, што ја нарекуваат српската Ким Кардашијан.

rabotela-kako-striptizeta-go-tuzhela-za-tatkovstvo-a-denes-e-vo-brak-so-nba-kosharkar-koja-e-danijela-rajikj-srpskata-kim-kardashijan-01.jpg

Американските медиуми ја нарекуваат српската Ким Кардашијан, а во последните неколку години Данијела Рајиќ беше актуелна во светските медиуми заради скандалозната врска со НБА кошаркарот Пол Џорџ.

Данијела Рајиќ (32) има српско потекло, а пораснала во САД.

Со познатиот кошаркар на Клиперс, Пол Џорџ (32) се запознала во периодот кога работела како стриптизета и танчарка во еден клуб во САД, а наводно таа почнала да работи во клубовите на возраст од 18 години.

rabotela-kako-striptizeta-go-tuzhela-za-tatkovstvo-a-denes-e-vo-brak-so-nba-kosharkar-koja-e-danijela-rajikj-srpskata-kim-kardashijan-02.jpg

Во периодот кога се запознале, Пол бил во врска со друга девојка, Кали Риверс која кога дознала за неверството на кошаркарот веднаш му раскинала.

Данијела во 2013-та година се откажала од работата и набрзо останала бремена со нивното прво дете. Откако се породила, Данијела морала да направи ДНК анализа за да докаже дека ќеркичката Оливија е ќерка на Пол, а потоа излезе во јавност и тврдеше дека наводно кошаркарот ѝ понудил 1 милион долари за да абортира.

rabotela-kako-striptizeta-go-tuzhela-za-tatkovstvo-a-denes-e-vo-brak-so-nba-kosharkar-koja-e-danijela-rajikj-srpskata-kim-kardashijan-03.jpg

Во 2014-та година Данијела го тужеше Пол и бараше од него во целост да се откаже од старателството над девојчето, и откако го приложи доказот за татковството бараше од него да ѝ исплати алиментација.

Додека сите очекуваа скандалите околу татковството да продолжат и да се провлекуваат во таблоидите, Пол и Данијела ги изненадија сите кога одлучија да ѝ дадат втора шанса на врската.

rabotela-kako-striptizeta-go-tuzhela-za-tatkovstvo-a-denes-e-vo-brak-so-nba-kosharkar-koja-e-danijela-rajikj-srpskata-kim-kardashijan-04.jpg

Во 2021-ва година ја добија ќерката Наташа, а истата година Пол клекна на едно колено и ја побара Данијела за сопруга, по што го добија и синот Вук.

Во јули годинава Пол и Данијела имаа свадба на која присуствуваа голем број нивни роднини и пријатели.

rabotela-kako-striptizeta-go-tuzhela-za-tatkovstvo-a-denes-e-vo-brak-so-nba-kosharkar-koja-e-danijela-rajikj-srpskata-kim-kardashijan-06.jpg

Инаку се претпоставува дека кошаркарот на „Клиперс“ има богатсво од околу 110 милиони долари, а Данијела редовно објавува фотографии на Инстаграм од кои може да се види како изгледа луксузот во кој живеат.

Погледнете уште фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Поранешната претседателка на Хрватска се преполови - Колинда Грабар (55) ослабе 30kg и изгледа подоб... Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се ...
Данијела Мартиновиќ ужива со новиот дечко, Хана Хуљиќ во топ форма пред 1-иот роденден на ќерката со... Фановите на Данијела велат дека таа заслужува љубов, откако по 24-годишна врска ...
Како изгледа денес слаткото детенце Осман од турската серија „Бурни времиња“? Го запознавме како 5-годишно детенце кое глумеше во трагичната турска серија „Бу...
Прва фотосесија на Данијела Мартиновиќ со новиот дечко: „Ме освои со бојата на гласот, тој е човек с... „Се сеќавам на бојата на неговиот глас. Иако разговорот беше службен, а ситуациј...
Факти за Тарик Филиповиќ – го сака посинокот како свое дете, сопругата му е вистинска убавица „Никогаш во животот не ни помислував дека ќе се вљубам во жена што веќе има дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg