Прва фотосесија на Данијела Мартиновиќ со новиот дечко: „Ме освои со бојата на гласот, тој е човек со многу таленти“

„Се сеќавам на бојата на неговиот глас. Иако разговорот беше службен, а ситуацијата во којашто се најдов мене целосно ми беше непозната, тој беше сталожен и смирен“ – Данијела Мартиновиќ е среќна и вљубена во инспекторот Јосип Плавиќ, а од нивната фотосесија може да се види дека тој е целосно различен од Петар Грашо со кого пејачката 24 години беше во врска.

prva-fotosesija-na-danijela-martinovikj-so-noviot-dechko-me-osvoi-so-bojata-na-glasot-toj-e-chovek-so-mnogu-talenti-01.jpg

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ (52) во последните неколку години беше во фокусот на јавноста откако ненадејно одлучи да ја прекине 24-годишната врска со Петар Грашо (47), по што тој стапи во брак со Хана Хуљиќ, а Данијела најде нова љубов, Јосип Плавиќ (50).

Данијела даде ексклузивно интервју за Story.hr во кое отворено зборува за тоа како се запознала со Јосип, како меѓу нив се родила љубов, а тие двајца позираа во бохо-рокерски стил.

Данијела и Јосип се запознале во 2022-ра година. Тој е инспектор, а со Данијела се запознале во моментот кога пејачката се соочувала со онлајн кражба на идентитетот. Денес кога се присетува на мигот кога се запознале, Данијела вели дека прво нешто што ѝ паѓа на ум е бојата на неговиот глас.

„Се сеќавам на бојата на неговиот глас. Иако разговорот беше службен, а ситуацијата во којашто се најдов мене целосно ми беше непозната, тој беше сталожен и смирен.

На самиот крај од разговорот наместо ‘довидување’ ми рече: ‘Нека ве следат насмевки!’ Веднаш знаев дека станува збор за посебна личност. Јосип е доста стабилна личност, со него нема тензии, секогаш наоѓа начин и на сѐ му пристапува темелно“ – вели таа.

Со оглед дека Јосип е искусен моторџија, Данијела вели дека тој внел доза авантура во нејзиниот живот, па заедно уживаат во возење АТВ возила низ планински патеки.

Таа откри дека долго време сонувала за мала куќичка опкружена со природа и цвеќиња, па очекува околу Божиќ и овој сон да ѝ се оствари.

На прашањето кои се скриените таленти на Јосип, таа вели:

„Јосип го интересираат многу работи. Тој играше пејнтбол, имал рок бенд за кој ги пишувал повеќето песни, а готвењето го опушта, па често знае да ме изненади со своите мали кулинарски волшепства.

Понекогаш патува со мене на концерти, кога обврските му дозволуваат“ – открива таа.

Во продолжение погледнете повеќе фотки од фотосесијата на Данијела и Јосип (кликнете на стрелките во Инстаграм објавите за да ги видите сите фотографии):

prva-fotosesija-na-danijela-martinovikj-so-noviot-dechko-me-osvoi-so-bojata-na-glasot-toj-e-chovek-so-mnogu-talenti-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава