Данијела Мартиновиќ среќна во љубовта со инспекторот, по Грашо: „Јосип ми дава мир, отворена сум за сите опции - и брак“

„Зборувам од лично искуство дека какво било предвидување или опирање пред животот би било смешно, затоа што тој е чудесен. А јас му се фрлив како со параглајдинг. Отворена сум за сите опции - па и за брак“, вели Данијела.

danijela-martinovikj-srekjna-vo-ljubovta-so-inspektorot-po-grasho-josip-mi-dava-mir-otvorena-sum-za-site-opcii-i-brak-01.jpg

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ (51) е среќна во љубовта со инспекторот Јосип Плавиќ (49). Откако неодамна призна дека има нов дечко, Данијела почна да се појавува со него во јавноста и оттогаш не ја симнува насмевката од лицето.

Во интервју за „24 sata“, пејачката сега откри неколку детали за Јосип и вели дека ужива во љубовта со него.

„Јосип и јас сме повеќе од само убав пар. Што се однесува до приватниот живот, не сум многу спремна да зборувам, но навистина сум многу среќна. Јосип е моето мирно пристаниште“, рекла Данијела во интервјуто.

Пејачката, која беше во брак со музичарот Марко Перковиќ Томпсон, а потоа преку две децении беше во љубовна врска со Петар Грашо, не ја отфрла можноста еден ден да се омажи за Јосип.

„Зборувам од лично искуство дека какво било предвидување или опирање пред животот би било смешно, затоа што тој е чудесен. А јас му се фрлив како со параглајдинг. Отворена сум за сите опции - па и за брак“, вели Данијела.

Таа неодамна беше со Јосип во Словенија.

За потсетување, Данијела и Јосип се запознале пред една година, кога пејачката се соочила со онлајн кражба на идентитетот.

Таа од пријатели дознала дека некој лажно се претставува во нејзино име и ги повикува луѓето да вложуваат во биткоини.

danijela-srekjna-vo-ljubovta-so-inspektorot-po-razdelbata-so-grasho-josip-e-moeto-mirno-pristanishte-02.jpgфото: Фејсбук

По ова Мартиновиќ пријавила во полиција, а Јосип го презел случајот. На почетокот тие комуницирале само по телефон, а потоа и се сретнале.

И иако полицијата брзо го решила случајот, Данијела и Јосип продолжиле да комуницираат, а пријателството се претворило во љубов.

„Тој е навистина посебен, поинаков… Многу убаво се однесува со луѓето, тоа никогаш не сум го видела, или многу ретко.

Зборувам како се однесува кон обичните луѓе. Љубезен е, претприемчив, посебен е“, кажа претходно пејачката за својот нов дечко.

Јосип, пак, освен што е полицаец, пее и свири гитара во рок-бендот „Izvan zakona“. Обожава пејнтбол, мотори, а зад себе има еден пропаднат брак и ќерка, но со поранешната сопруга, наводно е во добри односи.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Данијела Димитровска тајно се венча за помладиот дечко: „Моето засекогаш ДА – тивко, во мал круг“ „Моето засекогаш ДА. 27.01.2026 Тивко, во мал круг. Наскоро ќе славиме сите заед...
Пејачката Катарина Живковиќ за борбата за потомство: „Јас бев една од жените што имаат проблем со за... „Кога јавно почнав да зборувам за проблемот што го имав, кога му се заблагодарив...
„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“ Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. М...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...

Најчитани неделава