Данијела Димитровска тајно се венча за помладиот дечко: „Моето засекогаш ДА – тивко, во мал круг“
- Детали
- вторник, 27 јануари 2026
„Моето засекогаш ДА. 27.01.2026 Тивко, во мал круг“ - Данијела Димитровска тајно се венча со 6 години помладиот дечко, само неколку дена откако нејзиниот бивши Огњен Амиџиќ го доби своето трето дете.

По разводот со Огњен Амиџиќ, Данијела Димитровска (38) ја пронајде среќата со 6 години помладиот фудбалер Јеврем Косниќ.
Во мај 2025 таа ја прифати понудата за брак на нејзиниот дечко, а сега објави дека тајно направиле црковна венчавка.
На својот Инстаграм профил моделот објави видео, направено од повеќе снимки, на кои се гледа како си го кажуваат судбоносното ДА пред свештено лице.

Таа носи нежен и едноставен елегантен, бел фустан, а одозгора за во црква е облечена во долг бел капут, со марама на глава.

Во описот на видеото напиша:
„Моето засекогаш ДА. 27.01.2026. Тивко, во мал круг. Наскоро ќе славиме сите заедно“.
Погледнете го видеото:
Ова е втор брак за Данијела, која претходно беше со Огњен Амиџиќ, со кого има еден заеднички син. Пред само неколку дена, тој го доби своето трето дете, а второ од сопругата Мина.
Прочитајте и Данијела Димитровска купи стан од 500.000€ со 6 години помладиот свршеник - Поглед на море во монденско летувалиште
М. М. | Црнобело
