Данијела Димитровска купи стан од 500.000€ со 6 години помладиот свршеник - Поглед на море во монденско летувалиште
- Детали
- петок, 05 септември 2025
„Моментално го опремуваме станот, но знаете и самите, ништо никогаш не оди точно по планот. Но, тоа се слатки маки,“ вели поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ додека покажува дел од новиот дом на Инстаграм Стори.

Манекенката Данијела Димитровска (38), купила стан во монденското одморалиште Луштица, заедно со нејзиниот свршеник Јеврем Косниќ. Имотот чини половина милион евра, пишуваат српските медиуми.
Купувањето на станот го потврдила и самата Данијела, во едно од своите видеа на Инстаграм Стори.
„Моментално го опремуваме станот. Секако, знаете и самите, ништо никогаш не оди точно по планот, но тоа се слатки маки.
Сакам уредување на ентериер, ме опушта, а ако имав повеќе време, тоа сигурно ќе ми беше хоби“, рекла во едно од видеата поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ.

Станот е во комплексот кој го градеше свршеникот на Данијела во Црна Гора, а се наоѓа во Луштица, близу Тиват.
Јеврем е поранешен фудбалер, кој по завршувањето на спортската кариера се посветил на бизнисот со недвижнини и веќе неколку години гради станбени згради недалеку од Тиват, а бизнисот го наследил од својот татко.
„Јеврем е роден во Швајцарија и порано играше фудбал. По завршувањето на кариерата, почна приватен бизнис по стапките на својот татко, кој со децении се занимаваше со изградба и продажба на станбени згради низ целиот регион.

Новата зграда во Луштица не е голема, има само седум станови, но изгледа врвно. Изградена е на модерен и квалитетен начин, од темел.
Иако на почетокот Јеврем не планирал да задржи некој стан, поради Данијела се предомислил. Нивниот стан е еден од најубавите и вреди околу 500.000 евра“, рекол избор близок до парот за Информер.

Според истиот извор, ниту еден стан во комплексот не е под 300.000 евра, а нивниот е многу поскап од тоа.
„Навистина вреди - има директен поглед на морето, климатизација, приватно паркинг место, а сите инсталации во станот се управувани со помош на паметни картички, па не е изненадување што достигнува толкава“ - додал тој.

Данијела претходно неколкупати нагласи колку е горда на својот вереник (кој е 6 години помлад од неа) и на неговиот успех.
„Работи во градежништвото и моментално гради зграда на брегот, па морам да го пофалам.
Ги изгради сите станови како тој самиот да треба да живее во нив. Работи и создава, а јас сум му морална поддршка“, рекла таа во едно интервју.

Поради него, поголемиот дел од времето Данијела го поминува во Црна Гора.
Јеврем, пак, за запроси Данијела на почетокот на мај 2025 и оттогаш тие се неразделни.

Прочитајте и Данијела Димитровска му кажа „ДА“ на 6 години помладиот дечко – најде среќа по разводот со Амиџиќ
А. Ј. | Црнобело