Данијела Мартиновиќ ужива со новиот дечко, Хана Хуљиќ во топ форма пред 1-иот роденден на ќерката со Грашо

Фановите на Данијела велат дека таа заслужува љубов, откако по 24-годишна врска со Петар Грашо, тој се ожени со Хана Хуљиќ. Па, откако пејачката објави прва фотка со новиот дечко, полицаецот Јосип Плавиќ, љубовните животи на Данијела и Петар повторно се во фокусот на хрватската јавност.

dodeka-danijela-martinovikj-pokraj-noviot-dechko-promovira-kniga-hana-huljikj-vo-top-forma-pred-1-iot-rodenden-na-kjerkata-01.jpg

Хрватската ѕвезда Данијела Мартиновиќ на (12.06) ја промовираше нејзината нова книга „Туширање душе“, а на промоцијата беше гостин и нејзиниот дечко, полицаецот Јосип Плавиќ.

Таа на промоцијата раскажа анегдоти од своето минато, кои се вклучени и во книгата и раскажа за тешката сообраќајна несреќа што ја имала како дете, заедно со своето семејство, а во која, како што вели, можела и да загине.

„Јас испаднав од автомобилот, единствна. Мајка ми со нозете удира прво во стаклото за да можам да излезам надвор, се слуша како нешто тече, чкрипи: ‘Ќе се запалиме. Тече бензин’. А тоа била ракија.

Мајка ми подоцна ми рече дека ако сум паднела малку полево или подесно, ќе сум умрела на лице место. Но, не умрев“, напишала Данијела во книгата, а пренесе Story.hr.

И покрај ова, поголемо внимание привлече дечкото на Данијела, кој беше во публиката за да ја поддржи на нејзиниот голем ден.

dodeka-danijela-martinovikj-pokraj-noviot-dechko-promovira-kniga-hana-huljikj-vo-top-forma-pred-1-iot-rodenden-na-kjerkata-03.jpg

Данијела неколкупати претходно зборуваше за врската со Јосип и кажа дека ѝ е убаво до него, а сега објави и прва заедничка фотка со новиот дечко.

Ова предизвика бурни реакции кај оние кои ја обожаваат пејачката, особено откако неколку хрватски медиуми споделија и фотографии на кои Јосип ја бакнува Данијела.

Фановите велат дека хрватската џебна Венера заслужува љубов и заслужува да биде среќна, откако по 24-годишна врска со Петар Грашо, тој се ожени со Хана Хуљиќ, ќерката на композиторот Тончи Хуљиќ, близок пријател и на Данијела и на Петар.

dodeka-danijela-martinovikj-pokraj-noviot-dechko-promovira-kniga-hana-huljikj-vo-top-forma-pred-1-iot-rodenden-na-kjerkata-04.jpg

Откако јавноста дозна за врската на Хана и Петар, таа беше постојано мета на критики.

Имаше и такви кои ја навредуваа дури и на денот на нивната свадба, па и кога им се роди ќерката Алба. Тие приватниот живот го чуваат далеку од јавноста, па немаат ни заеднички фотографии на своите профили на социјалните мрежи.

И додека Петар споделува фотки поврзани со своите настапи и кариерата, Хана ретко објавува фотографии.

Затоа многумина беа изненадени кога во мај на Инстаграм објави фотка во ливада покрај булки на која е во топ форма, само еден месец пред првиот роденден на ќерката.

Хана ја роди ќерката Алба на 17 јули 2022 година и до сега нема споделено ниедна фотка со неа.

Прочитајте и Данијела Мартиновиќ среќна во љубовта со инспекторот, по Грашо: „Јосип ми дава мир, отворена сум за сите опции - и брак“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Српска водителка: „Мајка ми се омажи за татко ми за 7 дена, јас за саканиот за 1 месец“ „Се омажив за Бранко, кој е воен пилот... По само месец и пол врска решивме да с...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“ Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. М...

Најчитани неделава