Бака Прасе го покажа својот нов стан од 1 милион евра - има базен и спектакуларен поглед кон цел Белград (фото+видео)

„Колку го платив станот? Па, милион и пол. А, ентериерот беше уште 700.000 евра. Се работеше, нема да се срамам од тоа“ - изјавил Бака Прасе за новиот пентхаус од 200m² на „Белград на вода“, каде се всели со својата девојка Ања и го покажа луксузот во ново видео. 

baka-prase-go-pokazha-svojot-nov-stan-od-1-milion-evra-ima-bazen-i-spektakularen-pogled-kon-cel-belgrad-foto-video-01.jpg

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ (26), познат како Бака Прасе, во видео на својот Јутјуб канал го покажа својот нов пентхаус од 200m2, лоциран во Белград или поточно „Белград на вода“.

Од станот се гледаат познатите згради во Белград како Кулата Белград со необичен изглед, на која имаше спектакуларно новогодишно одбројување, има поглед кон реката Сава, нејзините мостови, ноќното осветлување и панорамата на градот, а посакува еден ден да купи стан таму. 

„Воодушевен сум од станов, лудило е. Ама еден ден ќе купам таму стан (Кула Белград), овој го изнајмувам, не го купив“ – вели тој во видеото.

pogled-kon-cel-belgrad-vrednost-od-milion-evra-noviot-stan-na-baka-prase-06.jpg

pogled-kon-cel-belgrad-vrednost-od-milion-evra-noviot-stan-na-baka-prase-31.jpg

pogled-kon-cel-belgrad-vrednost-od-milion-evra-noviot-stan-na-baka-prase-27.jpg

Во новиот стан, Богдан се всели со својата девојка Ања Благојевиќ (22), позната како Ања Бла, инфлуенсерка и фитнес тренер, со која неодамна се смирија, една година по раскинувањето.

Тие одлучија втора шанса да си дадат во сосема нов стан, во кој ќе уживаат во неговиот луксуз и панорамскиот поглед.

326713547_847526326313410_6270583187097410566_n.jpg

Во станот има огромна дневна соба, две кујни, три спални од која едната ќе ја претвори во работна соба, каде ќе ги снима своите видеа кои имаат милионски прегледи, а во зградата има пристап и до базен и теретана. 

Имено, тој секоја вечер прави преноси во живо на својот канал и, како што вели, огнометите кои знаат да се случат тука често и изгледаат спектакуларно, ќе може да им ги прикаже на своите следбеници.

„Колку го платив станот? Па, милион и пол. И тоа без ентериер. Ентериерот беше уште 700.000 евра. Се работеше, нема да се срамам од тоа што работев и го заработив овој стан“ – изјавил тој неодамна во друго видео, а пренесуваат српските медиуми.

@stankella @bakaprase kupio stan u Beogradu na vodi vredan 2.2 miliona 😳 #bakaprase #anjablaa #choda #viral #fyp #fypシ #choda19a #delic #beogradnavodi ♬ original sound - Stankella

pogled-kon-cel-belgrad-vrednost-od-milion-evra-noviot-stan-na-baka-prase-08.jpg

pogled-kon-cel-belgrad-vrednost-od-milion-evra-noviot-stan-na-baka-prase-16.jpg

pogled-kon-cel-belgrad-vrednost-od-milion-evra-noviot-stan-na-baka-prase-26.jpg

Кај неговата девојка Ања, која исто така е следена на социјалните мрежи, посебно на Тик Ток, кружеше постојано коментарот „Бакин стан“ (станот на Бака) каде следбениците алудираа на тоа дека таа живее на сметка на момчето.

На нејзиното последно Тик Ток видео, таа кажа дека се сели во нивниот заеднички стан, а не во „бакиниот стан“.

pogled-kon-cel-belgrad-vrednost-od-milion-evra-noviot-stan-na-baka-prase-32.jpg

Коментарите за овој млад успешен пар се најразлични, од тоа дека се заедно од корист, дека тој ѝ купува скапи подароци за да биде со него, до тоа дека таа е всушност многу побогата од него.

Но има и позитивни коментари, како на пример дека се гледа дека вистински се сакаат, добиваат поддршка во тоа што го прават и дека, посебно Бака, заслужил да ужива во парите затоа што секогаш многу се вложува во сите видеа што ги снима.

pogled-kon-cel-belgrad-vrednost-od-milion-evra-noviot-stan-na-baka-prase-34.jpg

pogled-kon-cel-belgrad-vrednost-od-milion-evra-noviot-stan-na-baka-prase-14.jpg

На следната страница погледнете повеќе фотки и видео од станот... 



Би можело да ве интересира:

Белград во празнично руво на прагот од 2023-та (фото) Украсена телефонска говорница, лизгалиште, елки и многу, многу сијалички, Белгра...
„Се вљубив во сопругот на насловна страница, не му се допаѓа тоа што јас го готвам“ - Лепа Брена отк... „Кога сме дома, јас не сум Лепа Брена, а тој не е светски познат тенисер. Јас су...
Сите мислеа дека е гола – ќерката на Дино Дворник покажа како ги крие гаќите под фустанот со огромен... Ќерката на познатиот хрватски музичар Дино Дворник, Ела на црвениот тепих се пој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg