Секоја чест! Михајло од Скопје 5 дена се обидуваше да спаси кученце од опасно место - и успеа во тоа

„Четврти ден е во тек акција за спасување на кученце кое влегло (не знам како) во воздушна инсталација. Јас и уште двајца колеги се обидуваме да го спасиме, но душа ни излезе... Значи утре му е петти ден. Не можам да работам, паметот ми е таму“, пишуваше Михајло Тодоровски од Скопје за време на спасувачката акција, која заврши со спасено и нахрането кученце.

sekoja-chest-mihajlo-od-skopje-5-dena-se-obiduvashe-da-spasi-kuchence-od-opasno-mesto-i-uspea-vo-toa-01.jpg

Михајло Тодоровски од Скопје е човек кој ја покажа својата хуманост на дело, откако спаси кученце од навистина непристапно и опасно место.

Спасувачката акција траеше неколку дена, а за неа Михајло пишуваше на неговиот Фејсбук профил.

Сега, кученцето е спасено и нахрането.

sekoja-chest-mihajlo-od-skopje-5-dena-se-obiduvashe-da-spasi-kuchence-od-opasno-mesto-i-uspea-vo-toa-05.jpg

Објавите на Михајло за текот на акцијата од 5 дена:

„Четврти ден е во тек акција за спасување на кученце кое влегло (не знам како) во воздушна инсталација. Јас и уште двајца колеги се обидуваме да го спасиме, но душа ни излезе.

Пробав да влезам во инсталацијата, ја руинирав на едно место, да може да го фатам. Квичи постојано... Ајде ставив храна да го намамам, вода... Колегата не успеал да го фати затоа што е нервозно и бега.

Инсталацијата тешко да издржи човек внатре и е на висина, а под инсталацијата за воздух, креирана по сите стандарди, има висок напон и е подрумска просторија со постројка за струја, склопки и слично, исто така поставена по сите стандарди. Но, сепак не е направено да човек влезе внатре...

Значи утре му е петти ден...

Што значи петти ден и за мене. Толку ми се нервите, толку му е можноста да преживее.

Не можам да работам, паметот ми е таму, двајца од колегите исто се многу загрижени.

Ама бре утре веќе нема калкулации, неее може да биде поголем инает од мене иако е куче!

Ако се сликнеме со кученцето кое нема ниту 20 дена, ќе биде тоа убав ден.

Некогаш некои нешта се навистина невозможни.

Ама пак и јас сум некогаш невозможен...

Чиј инает ќе победи, ќе видиме! Вакво „безобразие“ од куче не сум видел.

sekoja-chest-mihajlo-od-skopje-5-dena-se-obiduvashe-da-spasi-kuchence-od-opasno-mesto-i-uspea-vo-toa-03.jpg

Сега се разбудив и го сонував.

Еве петти ден и имам убава вест.

Матна е камерата на колегата, кој асистираше да можам да се симнам, а и да се качам и поминувам низ каналите каде што беше кученцето, но тоа е извадено и нахрането.

Не може да биде поинает од мене.

П. С. Не смеам да прикачам слика од местото... Сепак е забрането да се слика такво место“.

sekoja-chest-mihajlo-od-skopje-5-dena-se-obiduvashe-da-spasi-kuchence-od-opasno-mesto-i-uspea-vo-toa-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...
Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, т... „По операцијата сама се вратив дома. Со завои од канили, со преврски, со попатно...

Најчитани неделава