Познати Македонки кои веќе добиле внучиња, а изгледаат одлично

Фолкерката Даниела Темелковска годинава стана баба, но на Инстаграм мами воздишки со своите фотографии. Водителката Маја Поцевска, пак, стана баба на само 45 години, а Сузана Спасовска постојано објавува фотки и со внуката Клара. Кои познати Македонки веќе добиле внучиња од своите деца, но успеваат да измамат воздишки на социјалните мрежи и на малите екрани?

poznati-makedonki-koi-vekje-dobile-vnuchinja-a-izgledaat-odlichno-01.jpg

Секогаш приземни и убави. Некои од нив веќе навлегле во шестата деценија од животот, а некои добиле внучиња додека сѐ уште биле млади, но на малите екрани и на фотографиите што ги објавуваат мамат воздишки со својот изглед и софистицираност.

Повеќе познати Македонки долго време се на македонската сцена и со децении наназад се успешни во својата работа, а на приватен план успеале да засноваат семејство и денес внуците им се најголема радост.

Секогаш елегантни и убави, а на социјалните мрежи и во интервјуата гордо ги покажуваат и зборуваат за своите внучиња, кои се нивната најголема радост во животот.

Сузана Турунџиева

Пејачката, водителка и писателка Сузана Турунџиева е баба на внукот Јаков, кого го доби од постарата ќерка Лора. Таа редовно објавува свои фотографии на Инстаграм, а на некои од нив носи и кроп топови и бикини во кои покажува дека е во топ форма.

Адријана Алачки

Секогаш уредна и елегантна Адријана Алачки долго време беше присутна на македонската музичка сцена како пејачка, а во последните години е актуелна со емисијата „Вкусот на традицијата“.

На приватен план, Андријана е баба на внуката Јана, која ја доби од ќерката Грациела.

https://www.facebook.com/102814372552395/photos/t.100000166369819/192526336914531/?type=3

Биба Додева

Биба Додева важи за една од нашите најпознати пејачки. Таа отпеја голем број хитови, а сконцентрирана е и на хуманитарната работа како претседателка на здружението „Борка“.

Биба била мошне млада кога станала мајка, а стана баба на возраст од 42 години, го доби внукот Хумберто Александар, од ќерката Емануела.

Јулија Мациевска

Јулија Мациевска е позната македонска пејачка и ТВ водителка, која е мошне активна на социјалните мрежи, а редовно објавува фотографии и со внуката Стефанија, која годинава наполни 24 години.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...

Најчитани неделава