Бомбакис за CRNOBELO.com: „На 28 години добив дијагноза за рак на тестиси, ми олесна кога дознав дека ќе можам да имам деца“

Како изгледаше третманот по операцијата, како се справи со превентивните хемотерапии што следуваа потоа?

Па лошо е, лошо многу, не посакувам на никого такво нешто, паѓа коса, брада, и не е убава глетката, емотивно си уништен.

Колкав беше психолошкиот удар што ти го зададе ракот? Како успеа да се справиш со психолошкиот товар?

Ти го менува целиот живот, погледот на светот и гледаш во сите негативни ситуации да ја бараш светлата точка, онаа позитивната, и те прави многу појак, психички.

bombakis-za-crnobelo-com-imav-28-godini-koga-dobiv-dijagnoza-za-rak-na-testisi-mi-olesna-koga-doznav-deka-sepak-kje-mozham-da-imam-deca-07.jpg

Може ли да ни опишеш какво беше чувството кога ти кажаа дека е готово и дека си слободен од болеста?

Никогаш во животот нема да знаеш дека си слободен од тоа ѓубре, но кога сè ќе заврши како што треба, ти паѓа голем товар и гледаш да не размислуваш за тоа и да продолжиш понатаму во животот...

Постои ли извесен страв кога ги правиш годишните проверки? Како се справуваш со неизвесноста?

Нормално, пред секоја контрола, недела дена пред тоа ми е најтензично и само глупости ми се вртат во глава. Едно пиво, друштво и мозокот на пасење – помага доста.

Во колкава мера оваа дијагноза влијаеше врз тоа да донесеш некои итни одлуки во твојот живот? Што научи од целата оваа неубава приказна?

Дека нема предавање, се бориме до крај, колку е потешка борбата, толку се послатки плодовите на крај.

bombakis-za-crnobelo-com-imav-28-godini-koga-dobiv-dijagnoza-za-rak-na-testisi-mi-olesna-koga-doznav-deka-sepak-kje-mozham-da-imam-deca-05.jpg

Често зборуваш за важноста на самопроверувањето. Сметаш ли дека мажите во Македонија се доволно запознаени со оваа тематика?

Сакале нејќеле, сите имаме познаници на кои им се случил овој ѓавол, затоа и јас зборувам јавно и искрено на оваа тема, не да ме жалат луѓето, туку да ги натерам да одат да се проверат макар биле здрави.

Не е страшно една рутинска контрола.

Кои се твоите идни планови, како планираш да го искористиш своето влијание во јавноста за да помогнеш уште повеќе да се крене свеста за важноста за самопроверување?

Како и досега, со кампањи, хуманитарни акции, зборување на оваа тема, да допре до сите не само до мажите, да спречиме навреме нешто сериозно...

bombakis-za-crnobelo-com-imav-28-godini-koga-dobiv-dijagnoza-za-rak-na-testisi-mi-olesna-koga-doznav-deka-sepak-kje-mozham-da-imam-deca-09_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Трогателни пораки од татко до ќерката Надица (17), која загина во пожарот во Кочани: „Гледам во небо... „Секој ден без тебе е тивко потсетување на тоа колку длабоко те сакаме и колку н...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава