Христина Пан по 2 месеца поминати во болница со ќеркичката во Турција: „Се молам најлошото да е зад нас“
Јас од кај нас тргнав многу позитивно и оптимистички како и за сѐ друго. Но, таму сфатив колку нема да е лесно. Уште потешко ми беше кога сфатив дека не доаѓа предвид Хана да дојде во Турција, па татко ѝ мораше да биде со неа.
Малку повеќе од два месеца јас и Тара немавме видено никој од најблиските, иако за сѐ ми беа ветер во грб, посебно сопругот Петар.
Иако разделени, тој не дозволи да паднам во ниеден момент.

Хана и Тара навистина се сè уште мали и многу работи не разбираат, но многу работи и разбираат.
Се гледавме цело време на камера, но нема зборови за да се опише таа болка и тоа што не можевме да се прегрнеме.
Цело време ми праќаа видеа и слики од Хана, а Тара цело време сакаше да ја гледа и се молев да не сфати колку ѝ е далеку.

Веќе неколку дена сме дома и остануваме тука за Тара да одмори и да закрепне.
А потоа ни останува радиотерапија во Истанбул и имунотерапија која што ќе ја прима тука на Детската клиника.
Се молам и надевам дека најтешкото помина.

На крај, сакам да се заблагодарам на цел медицински тим што се грижи за Тара, на најдобриот медицински персонал од хемато-онколошкиот оддел кај нас на Детската клиника и на цел тим од болницата во Истанбул за целата грижа и поддршка што ми ја даваа таму“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
