Марис за естетската корекција на увото: „Процедурата е безболна, ја правев во Државна болница кај д-р Игор Пеев“

Таа потоа сподели дека операцијата на државно за две уши чини 20.600 денари и дека е презадоволна од докторот Игор Пеев. Сите медицински лица ѝ давале поддршка, а докторот многу ѝ влевал доверба.

Марис вели: „Немам ниту една замерка“.

Открива дека со докоторот на „лице место“ се договориле околу операцијата.

Потоа легнала, ѝ ставиле анестезија, ја боцнале 4 пати, а од зафатот не чувствувала апсолутно ништо.

maris-za-korekcijata-na-uvoto-procedurata-e-bezbolna-ja-pravev-vo-drzhavna-bolnica-i-traeshe-15-20-minuti-03.jpg

За едно уво операцијата ѝ траела 15-20 минути.

Вели дека имала 0 болка, апсолутно ништо не почувствувала.

„Потоа стануваш и гледаш на огледало дали си се допаѓаш, иако тогаш увото е позалепено, а потоа се опушта.

По операцијата ти ја завиткуваат главата со газа и по неколку дена одиш на преврска. Закрепнувањето е многу брзо.

По операцијата ти даваат антибиотик и ти кажуваат кои апчиња можеш да ги пиеш ако имаш болка, а реално најверојатно ќе имаш откако ќе помине дејството на анестезијата. Но, тапа болка која не е ништо неподносливо“, вели Марис.

Првата ноќ по операцијата откри дека не спиела од возбуда, но дека не било ништо страшно.

Пиела редовно парацетамол и аналгин.

„Не треба да спиеш на оперираното уште, треба да внимаваш кога облекуваш маица, да внимаваш да не го наводениш завојот“, советува таа за сите кои планираат да прават ваков тип на зафат.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Марис, по естетската корекција на увото, прави испитувања за хашимото: „Во Шведска докторите советув... „Ќе правам целосна лабораторија за тироидната (контролна за да видам што до каде...
Јелена Спенџарска и Марис беа во кафуле во Египет каде што одат локалци - Мораа да се соблечат боси ... „Одиме во традиционално кафуле во Хургада, не каде што одат туристи, туку каде ш...
„Три разиграни срциња“ - Тројката на Горан Папаз и сопругата наполни една година - прославија со 3 т... „Една година од најубавиот ден во мојот живот - 3 нови, разиграни срциња во 3 ми...
Скопјанец за случка во наше кафуле: „Дрска госпоѓа ми го расипа денот - каде бил келнерот, го чекала... „Само што седнаа две госпоѓи во скопско кафуле немаше ни минута, кога едната му ...
Исповед на Македонка: „Се породив за 5 минути во болница во Берово и по неколку часа нè пуштија дома...  „Ги заспав децата, му кажав на сопругот да си одмори и тој, а јас дома, на...
Македонка со кадри од болница: „Доктор може да направи болката која трае 7 години да исчезне за 45 м... „Секоја година ми е потсетник низ што сè поминав... Бог ми е сведок колку сум бл...

Најчитани неделава