„Три разиграни срциња“ - Тројката на Горан Папаз и сопругата наполни една година - прославија со 3 торти
- Детали
- вторник, 30 декември 2025
„Една година од најубавиот ден во мојот живот - 3 нови, разиграни срциња во 3 минути...“, ја започна емотивната објава Наташа, сопругата на Горан Папаз и мајка на Лена, Луна и Лазар Папаз. Семејството славеше дома со своите најсакани.

Нашиот саксофонист Горан Папаз и неговата сопруга Наташа на 30.12.2024 станаа родители на тројка, а бебињата ги крстија Лена, Луна и Лазар Папаз.
Горан е посветен татко кој е вклучен целосно во родителството и одгледувањето на децата, а не смета дека мажите треба да помагаат, туку подеднакво да ги делат одговорностите со мајката.
Има и постар син, а на Инстаграм постојано објавува кадри од секојдневието со 4-те деца.

Сега, неговата сопруга Наташа по повод првиот роденден на нивната тројка, сподели емотивна објава на Инстаграм.
Наташа напиша:
„Една година од најубавиот ден во мојот живот - 3 нови, разиграни срциња во 3 минути.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН СОНЦИЊА НА МАМА И ТАТО, да сте ни секогаш здрави, среќни, разиграни, палавки и исполнети со љубов и прекрaсни луѓе околу вас.
Ве сакаат мама, тато и бато до бесконечноста и назад.
П. С. За мене вака изгледа 'Раце полни љубов и среќа'.“









Прочитајте и Горан Папаз, татко на предвремено родена тројка: „Девојчињата беа месец и пол во болница, Лазар го чуваа бабите и дедовците“
С. С. | Црнобело
