Исповед на Македонка: „Се породив за 5 минути во болница во Берово и по неколку часа нè пуштија дома“

Ивана од Берово е мајка на 4 деца: „Ги заспав децата, му кажав на сопругот да си одмори и тој, а јас дома, на топло и удобно останав сама со моето тело да се спремам за најзначајниот чин во животот. Кога почувствував дека е при крај веќе беше утро, го разбудив сопругот да ме однесе кај мојот гинеколог и акушер во Берово. Таму се породив буквално за 5 минути. Останавме неколку саати додека да се смири крварењето и бевме пуштени дома бидејќи беше сè во ред“.

ispoved-na-makedonka-se-porodiv-za-5-minuti-i-po-nekolku-chasa-ne-pushtija-doma-01.jpg

Жената која стои зад профилот samoprirodno.mk е мајка на три деца, која се залага за природни и домашно подготвени препарати за нега и хигиена, наместо хемија. 

„Ивана Дујовска Јордановска, мајка на 4 дечиња, по потекло сум од Берово, се занимавам со изработка на природни производи за одржување лична хигиена и хигиена во домот, сите од потполно природни состојки кои не се штетни за нашето здравје и не ја загадуваат природата“ - вели за себе таа за CRNOBELO.com

Но, освен тоа, сега таа зборува и за природното раѓање на третото дете, но и нејзината пракса до последен момент од породувањето да остане дома, а неколку часа по донесувањето на детето на свет, во болница, повторно да се врати дома. 

На Инстаграм Стори оваа мајка сподели фотографија со новороденото трето бебе, а раскажува колку лесно ѝ поминал процесот. 

Секако, секоја приказна е индивидуална, сечија бременост и породување е различно и бара соодветен пристап, не може да се генерализира, таа само го споделува своето позитивно искуство, а со тоа посакува што почесто да има такви породувања. 

Нејзината исповед во продолжение:

„Сликата е точно пред 3 години, кратко после моето 3-то, најдраго породување.

Од претходните искуства веќе ми беше познато и вечерта кога ги добив првите симптоми за породување, ги заспав децата.

Му кажав на сопругот да си одмори и тој, а јас дома, на топло и удобно останав сама со моето тело, со бебето во него, со свое темпо да се спремам за најзначајниот чин во животот, донесувањето нов живот.

По мојот лик може да се примети дека беше речиси безболно, телото знаеше само во која положба да се намести за да се олесни процесот.

Кога почувствував дека е при крај веќе беше утро, го разбудив сопругот да ме однесе кај мојот гинеколог и акушер во Берово. Таму се породив буквално за 5 минути.

Таму бебето не го делат ни на секунда од мајката, односот на медицинските лица е човечен и со емпатија ја вршат својата должност, како што доликува.

Останавме неколку саати додека да се смири крварењето и бевме пуштени дома бидејќи беше сè во ред.

Благодарна сум на ова искуство и секогаш со радост се потсетувам на него.

Посакувам ваквите искуства да се множат, жените да имаат желба за раѓање, а не да се истрауматизирани од болничките услови и односот таму.

Јас сметам дека најприродно е породувањето да се случува таму каде што мајката се чувствува најбезбедно, а тоа е домот.

Секако со исклучок за оние што навистина е потребна медицинска интервенција. Сите суштества на планетава потомството го носат во своите гнезда.

Треба да има повеќе обучени лица кои би биле присутни да дадат поддршка и насоки околу породувањето, особено за првиот.

Кога си на безбедно и сигурно, во познато опкружување, телото не се грчи и целиот процес е полесен и речиси безболен“.

ispoved-na-makedonka-se-porodiv-za-5-minuti-i-po-nekolku-chasa-ne-pushtija-doma-02_copy_copy.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, т... „По операцијата сама се вратив дома. Со завои од канили, со преврски, со попатно...
Македонка со кадри од болница: „Доктор може да направи болката која трае 7 години да исчезне за 45 м... „Секоја година ми е потсетник низ што сè поминав... Бог ми е сведок колку сум бл...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Исповед на Македонка: „Кога ми е најтешко, мајка ми секогаш ми повторува исти зборови - кои се тие?“ „Главата се наведнува само пред Бога. Пред никој друг. Децата ти се на прво мест...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg