Исповед на Македонка: „Кога ми е најтешко, мајка ми секогаш ми повторува исти зборови - кои се тие?“
- Детали
- недела, 17 мај 2026
„Главата се наведнува само пред Бога. Пред никој друг. Децата ти се на прво место, куќата може да почека....“, психологот Елена Трпчевска Ѓорѓевскa открива кои ѝ се најдобрите совети од мајка ѝ.

Елена Трпчевска Ѓорѓевскa од Скопје, психолог и семеен советник, е сопруга и мајка на две деца.
Но, и ќерка... А токму како ќерка вели дека ги добива најважните совети од мајка си.

Нејзината објава на Инстаграм гласи:
„Кога ми е најтешко, мајка ми секогаш ми ги повторува овие зборови...
Ова е само период од твојот живот, ќе помине.

Jaди и ти. И ти си важна.
Децата ти се на прво место, куќата може да почека.

Ги гледам децата, Прекрасни се. Добро ги растеш.
Не мораш се сама.

Главата се наведнува само пред Бога. Пред никој друг.
Понекогаш не ни треба решение. Само некој да нè потсети... дека добро се држиме“.
С. С. | Црнобело
