Ирина Камилоска во 42-ра недела од бременоста се качува на Водно: „Ако добијам болки ќе му се јавам на сопругот“

Ирина доби и неколку прашања за доењето во бременоста, но и за тоа како го поминала постпородилниот период.

Таа откри дека доела, но посочи и жена која е сертифициран советник и која им помогнала на многу жени кои имале проблеми со доењето.

Во однос на постпородилниот период, вели:

„Идеален постпартум не постои. Трудете се да бидете во друштво на други мајки и да не се затворате дома.

Нема време за сожалување, иако тоа е првата емоција што ја чувствуваме кога ќе родиме прво дете и излегуваме од девојчето во нас за да станеме мајка.

Постпартум е тежок период кој бара многу голема поддршка од партнерот (ако го имате) и од најблиското семејство.

Исто така, имајте разбирање за самите себе. Вашето тело поминало низ голема траума со самото двоење на бебето кое сте го носеле 9 месеци во утробата, а сега е извадено од вас.

Ролеркостерот на хормони не помага воопшто, а емоциите надвладуваат. Најбитно е да бидете свесни дека сите сме биле таму кајшто сте вие.

И да, и тоа ќе помине и за многу кратко време ќе се вратите во своја кожа. Дајте си време.

Мене ми требаа 6-7 недели да излезам од тој период на самосожалување и изливи на емоции“.

irina-kamiloska-vo-42-ra-nedela-od-bremenosta-se-kachuva-na-vodno-ako-dobijam-bolki-kje-mu-se-javam-na-soprugot-da-mu-napravam-stres-05_copy.jpg

На прашањето што е најважно за вежбање или планинарење кога и во прва бременост, Ирина одговара дека е најважно жената да не прави ништо што не го правела претходно.

Па, ако се искачувала редовно на Водно, може тоа да го прави пак, но по консултација со доктор.

Во однос на вежбањето во сала, пак, вели, секоја жена би требала да се консултира со професионалци кои работат со бремени жени.

irina-kamiloska-vo-42-ra-nedela-od-bremenosta-se-kachuva-na-vodno-ako-dobijam-bolki-kje-mu-se-javam-na-soprugot-da-mu-napravam-stres-26.jpg

Таа доби и многу пораки на поддршка од жени кои се породиле во 42-та недела, а кои ѝ посакаа да се породи што полесно и дека знаат во какво исчекување е.

Но имаше и пораки од жени кои само сакаа да ја пофалат и да ѝ кажат дека им е инспирација.

irina-kamiloska-vo-42-ra-nedela-od-bremenosta-se-kachuva-na-vodno-ako-dobijam-bolki-kje-mu-se-javam-na-soprugot-da-mu-napravam-stres-28_copy.jpg

„Сè уште не сум 100% посветена на проектите што ги работам, но овој период го жртвувам да се посветам на мајчинството. Амбициите ќе почекаат уште малку за да ги остварам.

Ви благодарам за сите пораки каде кажувате дека сум ви инспирација и ви давам мотивација за вежбање и водење активен здрав живот“.

irina-kamiloska-vo-42-ra-nedela-od-bremenosta-se-kachuva-na-vodno-ako-dobijam-bolki-kje-mu-se-javam-na-soprugot-da-mu-napravam-stres-29.jpg

И за крај, на прашањето „Знаеш ли што те чека со две деца под две години???“, Ирина вели:

„ЗНАМ! Полни раце љубов“.

irina-kamiloska-vo-42-ra-nedela-od-bremenosta-se-kachuva-na-vodno-ako-dobijam-bolki-kje-mu-se-javam-na-soprugot-da-mu-napravam-stres-06.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава