Сандра Кирков за пневмонијата: „Доктор ми го виде рендгенот и врескаше ‘Ти ќе умреш ако не лежиш во болница’“

Почнав со терапијата, но моето тело го одбиваше антибиотикот, па целата ситуација ескалираше на 6-ти јануари.

sandra-kirkov-za-pnevmonijata-doktor-mi-gi-go-vide-rendgenot-i-vreskashe-ti-kje-umresh-ako-ne-lezhish-vo-bolnica-09.jpg

Температурата не ми се спушташе и сè ми изгледаше дека оди кон полошо . За среќа, беше друг доктор на смена, повторно ми направи рендген и споредбата на двете снимки не беше пријатно искуство.

Тој дојде во ходник и почна да вреска дека јас морам да лежам во болница. Докторот беше здрвен и викаше: „Ти ќе умреш ако не лежиш во болница“.

Не знам како изреагирав во тој момент, но знам дека следното што се договаравме е дека ќе лежам на клиника.

Тој беше видно вознемирен и потоа зборувавме колку е сериозна работата, нешто што не ми беше објаснето првиот пат кога бев.

sandra-kirkov-za-pnevmonijata-doktor-mi-gi-go-vide-rendgenot-i-vreskashe-ti-kje-umresh-ako-ne-lezhish-vo-bolnica-14.jpg

Отидов на Инфективно на Клиника, ме видоа во амбуланта и ме пратија на компјутерска томографија.

Попладнето бев хоспитализирана, не знам колку инфузии на ден примав, но во еден момент на ден беа повеќе од 7.

Кај мене главниот проблем беше што температурата не ми паѓаше со денови, имав температура 23 дена ми се чини.

Беше алармантно што примав многу антибиотици, а температурата и понатаму се јавуваше. И ми се јавуваше во исто време секој ден, во 17 часот попладне и во 23 часот навечер.

Поради тоа почнаа да ми ги прават сите можни испитувања, постојано боцкање, вадење крв, анализи, па чекаш резултати и тоа ти е цела вечност, мислиш на најлошото.

sandra-kirkov-za-pnevmonijata-doktor-mi-gi-go-vide-rendgenot-i-vreskashe-ti-kje-umresh-ako-ne-lezhish-vo-bolnica-02.jpg

За среќа, сè беше негативно. Најстрашни испитувања што ми беа правени беа тумор маркери и испитување за туберколоза.

Барајќи го жариштето за температурата, ми направија ехо на срце, ехо на абдомен, бев и на гинеколог, буквално секаде ме пратија и немам збор за односот на докторите и сестрите – прекрасни!

Да не беа они, не знам што ќе правев, толку се посветени на пациентите и работата, го имаат човечкото во себе и дај Боже во сите болници да имаме вакви луѓе.

sandra-kirkov-za-pnevmonijata-doktor-mi-gi-go-vide-rendgenot-i-vreskashe-ti-kje-umresh-ako-ne-lezhish-vo-bolnica-10.jpg

Од антибиотици мислам дека примив 4 различни терапии, сè додека последната да профункционира и да имам некакво подобрување.

Но, докторите решија дека тоа не е доволно, па мораше да се префрлам на Пулмологија и таму да продолжам со терапија.

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Сандра Кирков воодушевена од плажа во Црна Гора: „Сет лежалки е 25€, еспресо 2,20€, бич-барот е во б... „Модерно е, естетски убаво, има супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаун...
Доктор Митов со сопругата д-р Васка му прославија 4-ти роденден на најмалото од трите деца Најстариот син Григориј има 12 години, а најмалиот син Елисеј сега наполни 4 год...
Лила ги покажа внуките кои се вистински убавици: „До генот е“ „Немам ќерка ама затоа имам внуки. Сандра и Галена убавици и паметници“, напиша ...
Влатко Лозаноски го покажа синот Марко првпат по 8 месеци, го држи во прегратка и му пее (видео) 8 месеци откако во тајност доби син, Влатко Лозаноски - Лозано првпат го покажа ...

Најчитани неделава