Амела од Скопје за синот со аутизам: „Тие не беа таму кога врескаше во автомобилот, кога се удираше себеси и мене, додека возев“

„Сине, Леон мој... Никој не слушна како срцето ми пукаше синхронизирано со твојот плач. Никој не виде како во моето молчење се криеја стотици прашања, а во твојата тишина се криеше повик за помош. Денес, на 2 април, не ти честитам... Ти се поклонувам. Што издржа. Што не се откажа“, му се обраќа Амела Мемиш Апостоловска на синот на светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот.

amela-od-skopje-za-sinot-so-autizam-tie-ne-bea-tamu-koga-vreskashe-vo-avtomobilot-koga-se-udirashe-sebesi-i-mene-dodeka-vozev-01.jpg

Амела Мемиш Апостоловска е мајка на две деца со попреченост во развојот, Андреа и Леон.

Таа денес на 2-ри април, светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот, му посвети емотивна објава на Фејсбук нејзиниот син.

Пораката на Амела до нејзиниот Леон:

„Сине мој!!

Денес, на 2 април, не ти честитам само. Ти се поклонувам. Што издржа. Што не се откажа. Што ме научи што значи вистинска љубов. Што ме направи подобар човек.

Ако некогаш го читаш ова писмо, сакам да знаеш дека нема дијагноза што може да ја победи љубовта.

Нема свет што може да ја скрие светлината што ти ја носиш.

Ти не си само мојот Леон.

Ти си мојот учител. Мојот пример. Мојот благослов.

amela-od-skopje-za-sinot-so-autizam-tie-ne-bea-tamu-koga-vreskashe-vo-avtomobilot-koga-se-udirashe-sebesi-i-mene-dodeka-vozev-03.jpg

Мајкино мое, денес целиот свет зборува за аутизмот. Ќе стават сина лента, ќе објават статус, ќе кажат „поддршка“, ќе го споменат аутизмот како попреченост.

А јас, сине мој, нема да зборувам за попреченост. Ќе зборувам за тебе. За вистинскиот пат што го изодевме заедно. За тишините што нè кршеа, за љубовта што нè градеше.

Не, тие не те видоа. Не беа таму кога врескаше во автомобилот, кога се удираше себеси и мене, додека возев, обидувајќи се да стигнам до нешто што не беше дестинација, туку спас.

Никој не слушна како срцето ми пукаше синхронизирано со твојот плач. Никој не виде како во моето молчење се криеја стотици прашања, а во твојата тишина се криеше повик за помош.

Јас не објавував тогаш. Не го сликав секој твој момент. Не сакав светот да те види како случај за сожалување. Не сакав да барам утеха.

Сакав да те носам, да те водам, да те заштитам.

Ти беше моето дете. Моето сè. Моја битка. Моја мисија. Моја победа.

Решив да не бидам жртва. Решив да бидам мајка. Да те исправам. Да ти го покажам светот, не за да се вклопиш, туку за да го промениш.

Да ја носиш својата различност како светлина, не како товар.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...

Најчитани неделава